24 Ноември, 2024
0.0290

Колку пари вртат и како буџет крпат македонските фудбалски клубови?

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Најбогатиот фудбалски прволигаш во земјава лани располагал со 2,5 милиони евра, а од лигата испаднаа клубови со буџети од 122.000 евра и 208.000 евра. За прво место во втората лига и влез во прва лига „Брегалница“ Штип вложи речиси половина милион евра

„Македонија на Европско првенство“ е сонот што деновиве го живееме: Големата мечта стана јаве по триесетина години независност и по десетина циклуси репрезентативни квалификации.

Нашите омилени фудбалски јунаци се дел од европската елита во фудбал – спортот за кој важи дека е најважна споредна работа на светот, а веќе некое време и најплатена и скапа „споредна“ работа на светот.

Во контест на годината во која испишавме историја и се пласиравме на Европското првенство „Фактор“ ги собра, спореди и објави сите достапни податоци на македонските фудбалски клубови од кои потекнале и во кои играле нашите репрезентативци.

Македонскиот фудбалски бренд е скопскиот фудбалски клуб „Вардар“ кој е најтрофејниот македонски фудбалски клуб формиран 1948 година. Низ „Вардар“ поминале многу репрезентативци низ повеќе генерации. За жал во годината во која одиме на европско првенство „Вардар“ испадна од првата Македонска фудбалска лига. Оптоварен со големи долгови  и сива зона на нерешени меѓусебно должничко доверителски односи идната година најтрофејниот клуб ќе ги мери силите со второлигашите. „Вардар“ минатата година , во финансиска смисла, ја заврши со загуба од 1 милион евра, што е преполовена загуба во однос на 2019 година. Приходите на “Вардар“ лани изнесуваат 208.000 евра и тие се , верувале или не, 78 отсто пониски во приходите во 2019 година.

„Шкендија“ од Тетово е актуелен првак на Македонија во фудбал. Ова е моментално најбогатиот фудбалски клуб во земјава. Во 2020 година има буџет т.е. приходи во износ од 2,5 милиони евра што е за 20 отсто помалку од претходната година. Клубот годината ја завршил со добивка од 59.000 евра што е неспоредливо подобро остварување од 2019 година кога завршиле со загуба од 100.000 евра.

Струмичката гордост ФК „Беласица“ е клубот од кој потекна нашиот репрезентативен капитен Горан Пандев - најголем актуелен фудбалски бренд на Македонија. „Беласица“ годинава нема да ја памти по добро. Затоа што испадна од првата фудбалска лига. Со буџет од 122.000 евра друго и не можеше да се очекува. Фискалната година ја заврши со загуба од 10.000 евра што е за 65 отсто помала загуба од претходната 2019 година.

Скопскиот фудбалски бренд „Работнички“ и најголем локален ривал на „Вардар“ лани имаше буџет од 800.000 евра што е за 37 отсто повеќе од претходната година и втор најголем буџет во првата фудбалска лига. Ова спортско друштво ланската година ја заврши со добивка од 124.000 евра и тоа го прави најпрофитабилен фудбалски клуб – акционерско друштво лани.

ФК Ренова од гостиварско Џепчиште е прволигаш со трет најголем буџет во 2020 година. Тој изнесувал 736.000 евра и бил поголем за 13 отсто од 2019 година. Добивката на Ренова е за пофалба – изнесува 96.000 евра и е за 23 пати повисока од претходната година. Многу пари за клуб што последната сезона се бореше за опстанок во првата лига.

ФК Шкупи е наследник на големата ФК „Слога Југомагнат“ , игра во скопски Чаир и последната сезона ја заврши на второто место. Овој клуб лани имал приходи од 696.000 евра што е за 57 отсто повеќе од претходната година. Годината ја завршиле со минимална загуба од 1.100 евра.

Славниот битолски фудбалски клуб „Пелистер“ успеа да обезбеди опстанок во првата лига. Лани буџетот на овој клуб беше 246.000 евра што е на половина од приходите во 2019 година. Ова спорстко акционерско друштво годината ја заврши со загуба од 107.000 евра.

Третопласирана во последната фудбалска сезона во првата наша лига е струшката екипа ФК „Струга Трим – Лум“. Во 2020 година оствариле приход од само 89.000 евра што е за 52 отсто повеќе од 2019 година. На крај на 2020 година имале загуба од 109.000 евра.

Од второлигашите достапни се податоците само за легендарната прилепска Победа. Лани овој фудбалски клуб – акционерско друштво имал приход од 111.500 евра што е за 62 отсто помалку од претходната година, а завршиле со минимална загуба од 970 евра. „Победа“ годинава одвај обезбеди опстанок во втората лига.

Новиот прволигаш е штипска Брегалница клубот кој годинава слави голем јубилеј – 100 години организирано игање фудбал во Штип.  Ова е доминантно приватно поседуван клуб чиј сопственик е газдата на Кит Го голем ланец маркети. Лани „Брегалница“ имала буџет од 456.000 евра и остварила добивка од 117.000 евра.

За жал за прволигашите: „Македонија Ѓ.П“, „Силекс“, „Борец од Велес и „ФК „Академија Пандев“ нема уште достапни податоци за 2020 година. 


Р.Ф. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски