Добивај вести на Viber
Според петгодишната програма на Јавното претпријатие за државни патишта, за изградба, рехабилитација и одржување државата планира во периодот од 2013 до 2017 година да потроши 891,5 милиони евра.
Инвестициите во најголем дел ќе бидат финансирани од странски кредити, а помал дел од сопствени средства. Односно инвестициите со странските кредити ќе изнесуваат 724 милиони евра, а 47,1 милиони евра од сопствени средства, останатото е за тековно и инвестиционо одржување на патишта.
„Во 2013 година планирани се 97 милиони евра, во 2014 година се предвидени 160 милиони евра, во 2015 година се планирани 181 милини евра, во 2016 година се планирани 193 милиони евра, а во 2017 година се предбидени 260 милиони евра, Податоците од петгодишната програма за Јавното претпријатие за државни патишта.
Според петгодишната програма на Јавното претпријатие за државни патишта вкупната сума за пет години на странски кредити и донации во периодот од 2013 до 2017 година изнесува 643,6 милиони евра.
Странски кредити и донации
· 2013 година 55,1 милиони евра
· 2014 година 112,4 милиони евра
· 2015 година 131,2 милиони евра
· 2016 година 140,0 милиони евра
· 2017 година 204,9 милиони евра
Според податоците, во периодот од 2013 до 2017 година ќе треба да се вратат вкупно 136,5 милиони евра, од кои 35 милиони евра се каматни плаќања кон нерезиденти , а 101,5 милиони евра се отплата на главнина кон нерезидентни кредитори.
Камата Главнина
· 2013 година 3,2 17,2
· 2014 година 4,7 21,0
· 2015 година 6,8 21,7
· 2016 година 8,7 22,9
· 2017 година 11,5 19,7
Во милиони евра
Приходи на Јавното претпријатие за државни патишта
Според петгодишната програма за работа на Јавното претпријатие за државни патишта во периодот од 2013 година до 2017 година планирани се приходи од околу 1 милијарда евра. Приходите се до патарина, патни такси , дел од акциза како и странските донации и кредити. Годишно, во просек од акциза во јавното претпријатие се слеваат по 36,6 милиони евра и нешто повеќе од 28 милиони евра само од патарина, а годишно во просек се слеваат и 23 милиони евра од патна такса.
Приходи од 2013 -2017 година
· Акциза 183,2
· Патарина 142,0
· Патна такса 114,6
· Странски кредити и донации 643,6
· Други приходи 14,7
во милиони евра
А еве како по години ќе се полни касата на Јавното претпријатие за државни патишта.
Приходи од патарина и патна такса
Патарина Патна такса
2013 година 21,1 19,5
2014 година 27,4 22,0
2015 година 30,2 23,6
2016 година 31,2 24,4
2017 година 32,0 25,2
во милиони евра
Р.Ф