11 Април, 2025
0.0569

Колку потроши „Вардар“ да стане европски шампион во ракомет?

Објавено во: Економија 22 Мај, 2018 06:30

Добивај вести на Viber

Македонската машка ракометна гордост „Вардар“ за да стане европски ракометен шампион вложи или потроши околу 8 милиони евра, покажуваат официјалните финансиски податоци. Замислете европскиот клупски ракометен шампион во сезоната 2016-2017, лани годината ја завршил со загуба од 44 милиони денари односно 712.000 евра

Најтрофејнот македонски ракометен клуб скопски „Вардар“ потроши речиси 8 милиони евра за да стане шампион на Европа, покажуваат официјалните податоци што ова акционерско друштво ги објави на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. 

Официјалните податоци за 2016 година покажуваат дека вкупните приходи на „Вардар“ биле 420 милиони денари односно 7 милиони евра. Таа година клубот ја завршил со добивка од 11 милиони денари. Ланската година, кога „Вардар“ и стана европски шампион вкупните приходи на клубот биле 412,22 милиони денари, а годината ја завршил со загуба од 44 милиони денари. Што значи дека буџетот на „вардарци“ за ланската година е околу 450 милиони денари.

Важно е да се истакне дека од 2015 година настанува фузија на акционерското друштво во кое функционира женскиот ракометен клуб „Вардар“ со РК „Вардар“ и во периодот од тогаш до сега едно акционерско друштво ги сервисира двата ракометарски клуба. АД РК „Вардар“ има основачки капитал од 80.000 евра, а негов сопственик е Сергеј Самсоненко.

Во сезоната 2016/2017 клубот го постигна и најголемиот успех, стана европски првак триумфирајќи на Ф4 турнирот во Келн. На патот до тој успех беа победени Барселона во полуфиналето, и ПСЖ во финалето.

Оваа сезона е особено за паметење бидејќи по третпат беше освоена и регионалната СЕХА Газпром лига со триумфот на Ф4 турнирот во Брест, Белорусија.

РК Вардар од Скопје е најуспешниот македонски клуб кој досега во Македонија има освоено 11 титули во домашното првенство и 12 во Купот. Тој е првиот победник на регионалната СЕХА Газпром лига каде има вкупно три триумфа. РК Вардар е основан во 1961 година, како дел од Спортското друштво Вардар од Скопје кое постои од 1947 година. Позначајниот подем на клубот почнува во последната деценија од минатиот век.

Во сезоната 2013/14, клубот доби и нова раководна структура. Нов сопственик на клубот е Сергеј Самсоненко, а Михајло Михајловски стана почесен претседател.

На европската ракометна сцена РК Вардар дебитираше во сезоната 1993/1994 во натпреварите од Купот на ЕХФ. Во ЕХФ Лигата на шампионите трипати стигна до четвртфиналето и тоа три сезони по ред, што досега не му успеало на ниту еден машки клуб во Македонија.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ 635 СТАНОВИ ЌЕ СЕ ГРАДАТ - статистичарите утврдија намален број на одобранија за градба

НОВИ 635 СТАНОВИ ЌЕ СЕ ГРАДАТ - статистичарите утврдија намален број на одобранија за градба

ГЕРМАНИЈА ДВЕ ГОДИНИ ВО РЕЦЕСИЈА - Бранот банкроти се уште не е завршен

ГЕРМАНИЈА ДВЕ ГОДИНИ ВО РЕЦЕСИЈА - Бранот банкроти се уште не е завршен

ЌЕ ПЛАТАТ СУМА ОД 1,25 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, АМА ОВА ИМ Е СО ПОПУСТ - групирања во модната индустрија: „Прада“ го купува „Версаче“

ЌЕ ПЛАТАТ СУМА ОД 1,25 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, АМА ОВА ИМ Е СО ПОПУСТ - групирања во модната индустрија: „Прада“ го купува „Версаче“

НА МАКЕДОНИЈА САМО И НЕДОСТАСУВА ЗАБРЗУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ: Професорот Бишев во Бизнис муабети на Фактор

НА МАКЕДОНИЈА САМО И НЕДОСТАСУВА ЗАБРЗУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ: Професорот Бишев во Бизнис муабети на Фактор

Динамична соработка меѓу Македонија и Европската комисија: Средба на министерката Божиновска со Валентина Суперти

Динамична соработка меѓу Македонија и Европската комисија: Средба на министерката Божиновска со Валентина Суперти

МЕРКАТА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРУТО ПРОФИТНИТЕ МАРЖИ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ДАВА РЕЗУЛТАТИ: Има дефлација од 1,3 проценти

МЕРКАТА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРУТО ПРОФИТНИТЕ МАРЖИ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ДАВА РЕЗУЛТАТИ: Има дефлација од 1,3 проценти

ПАЃААТ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА: Регулаторна ги соопшти новите цени

ПАЃААТ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА: Регулаторна ги соопшти новите цени

Битолски „Пелистер“ се враќа во рудниците на РЕК Битола, по долго време го доби првиот тендер

Битолски „Пелистер“ се враќа во рудниците на РЕК Битола, по долго време го доби првиот тендер

Новата германска влада ќе го преполови бројот на имигранти од земјите од Западен Балкан

Новата германска влада ќе го преполови бројот на имигранти од земјите од Западен Балкан