28 Септември, 2024
0.0492

Колку работни часа се доволни да се биде највреден?

Објавено во: Анализа 29 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Хрватска заедно со Бугарија го зазема четвртото место во рангирањето за најмногу часови поминати од страна вработените со полно работно време на работното место во 2013 година, покажуваат податоците на иснтитутот Coe-Rexecode. Според нив вработените граѓани во Хрватска и Бугарија минатата година работеле по 1 954 часа годишно. Во однос на претходната 2012 година кога изработиле еден час помалку. Институтот ги анализира "реалните" работни часови, кои ги имаат поминато работниците на своите работни места, признавајќи ги  отсуствата како , болести и штрајкови. Најмногу работни часови им се паѓаат на Романците - 2 099 часа минатата година. На второ место се најдоа Грците со по 2 010 изработени часа, а на трето - Унгарците со по 1 969 часа. На спротивен пол се Финците со изработени по 1 648 часа годишно, по нив  со Французите со изработени по 1 661 часа во 2013 година. Третото место од позади на напред е за Шведска со изработени од вработените по 1 685 часа минатата година. Во локомотивата на европската економија - Германија, часовите на работа биле 1 847. Во 2012 година Германците имаат поминато по 1 863 часа на своите работни места. Податоците од истражувањето покажуваат дека во последниве години вработените во јужните држави го зголемуваат бројот на часови поминати на работното место. Во Грција на пример во 2013 година вработените се изработиле со по 2 часа повеќе во однос на 2012 година. Во 2011 година пак изработените часови биле 1 997. Во Шпанија во 2013 година вработените имаат стекнато по 1 805 часа на работното место. Година порано овие часови биле 1 792. К.К.