19 Декември, 2025
0.0864

Колку странските инвестиции ја намалија невработеноста?

Објавено во: Економија 24 Јули, 2016 10:25

Добивај вести на Viber

Има ли Македонија ќар од странските инвестции? Колку тие ја намалија невработеноста во државата? Задоволни ли се граѓаните од странските газди?

Ова се прашањата кои често пати се поставуваа до надлежните, но овен пофалби за странските газди по телевизиите од првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски не можеше да се слушне нешто друго.

Токму пофални зборови можеа да се слушнат и вчера во Охрид каде Груевски зборуваше токму за владините мерки кои како што вели тој придонесоа за намалување на невработеноста.

 Груевски забележа дека градот бил со огромен број невработени, односно со околу 12.300, но оти со мерките кои ги презема актуелната Влада невработеноста паднала на околу 7.000 лица.

Тој вети дека ова темпо ќе се задржи и оти ќе се задржат што повеќе работни места.

Досега се направени бројни анализи за тоа колку странските инвестиции и помогнале на Македонија за да се намали бројот на невработени лица.

Има ли Македонија ќар од компаниите во слободните зони?

Странските  директни инвестиции во  периодот од 2003 до 2014 година се во пораст. Највисоко ниво е постигнато во 2007 година и тоа околу 733 милиони долари. Во 2008 учеството на странските инвестиции од технолошко индустриските зони било 3% додека пак 2009 било дури 51%, во останатите години тој е меѓу 12 и 13 проценти. Ова се само дел од наодите во новото истражување “Квантифицирање на ефектите од странските директни инвестции“, изработено од Центарот за економски анализи, како дел од проектот “Дијалози за визија“.

Истражувањето, кое се базира на утврдена методологија, открива сознанија во делот на државните субвенции, ефектите од странските инвестции и висината на платите во фабриките лоцирани во Слободните економски зони. Од друга страна, истражувачките констатираат дека анализите се правени во отсуство на целосни податоци од надлежните институции, но потпрени меѓудругото и на податоци

“Во согласност со европската регулатива за транспарентност на државната помош, Македонија не е усогласена односно висината на доделената државна помош не е позната, не е воспоставен регистар ниту пак мапа за регионална помош; наодите од државната ревизија укажуваат на неисполнување на законската обврска за известување на државната помош на дирекцијата, агенцијата, а ниту пак навремено известување на инвеститорите“, се вели во истражувањето на ЦЕА.

Според ова истражување, помошта изразена во директни субвенции и во даночни ослободувања, кај некои од странските инвеститори достигнува и до 47 отсто од висината на средствата што ги вложиле во Македонија.

Секое работно место државата ја чини по 21 000 евра

Државната помош преку директни субвенции и даночни ослободувања, кај некои од странските инвеститори достигнува и до скоро половина од висината на средствата кои се вложиле во Македонија.

Ова го покажува истражувањето на Центарот за економски анализи, од каде информираат дека седум странски компании кои работат во зоните за седум години добиле вкупна државна помош во висина од 56 милиони евра.

„Ако ги пренесеме тие трошоци на ниво на генерирани нови вработувања во овие компании, излегува дека едно ново вработување нè чини 21.000 евра” – вели Весна Гарванлиева, Центар за економски анализи.

Гарванлиева смета дека , македонската економија, не чувствува големи бенефити од странските инвестиции, но тие би можеле да се интензивираат во наредните години.

Нивното учество во вкупниот извоз изнесува 27 отсто, но додадената вредност во БДП на седумте компании од зоните е неполн еден процент.

Молк за ниските плати на вработените!

Жителите од прилепскиот регион коментираат дека е добро што се отвораат работни места, но порачуваат дека и платите треба да бидат на задоволително ниво. Но освен лицитацијата со бројките за нови работни места, нема одговор на прашањето колку ќе бидат платени вработните во Гентерм.

Според дел од истражувањата платите на вработените во десеттина странски компании во земјава изнеуваат околу 260 евра. Недоамна и од Советот на странски инвеститори потврди дека платите во зоните се за стотина евра пониски од просечната плата во државата. Но посочуваат дека ако се направи споредба исклучиво со секторите кои се застапени во зоните, како автомобилската и компјутерската индустрија, отстапувањето од фирмите надвор од зоните е минимално.

Од Здружението на млади истражувачи (ЗМАИ) наведуваат  дека просечната месечна нето-плата на вработените во компаниите во зоните во 2014 година изнесувала 19.981 денар, наспроти 22.696 денари во 2013 година, потенцирајќи дека во овие плати се вклучени и менаџерските плати. Според податоците од финансиските извештаи за работењето на компаниите, највисоки плати има во Џонсон Мети и во Вистеон Електроникс, компанија која најави затворање на погонот во Македонија до крајот на годинава. Просечната плата на вработените во овие две компании била нешто повеќе од 30.000 денари, но и тука се вклучени платите на менаџерите.

Од Советот на странски инвеститори посочуваат дека нивните анализи покажале оти платите на вработените во зоните се незначително пониски од платите во домашните компании, но споредбата е направена само со истите сектори. Па така нето-платата на ниво на Македонија во индустриите кои што ги земале за споредба изнесувала 17.555 денари во домашните компании, додека во зоните е 16.143 денари. Но, за разлика од домашните компании кои не добиваат државна помош, странските инвеститори добиваат низа бенефиции од државата. Тие се ослободени од разни даночни, царински и комунални давачки, дополнително добиваат и субвенции од државата. И со овие осолобудувања компаниите во зоните даваат пониски плати од домашните компании. Но и по осум години институционална тајна остана која странска компанија колку државни субвенции добила.

Економистите посочуваат дека властите мора да водат сметка и да следат дали странските компании ги исполнуваат ветувањата, бидејќи добиваат државна помош од народни пари.

-Државата е должна да проверува дали странските компании што имаат преференцијален статус на инвеститори во слободните зони ги исполнуваат обврските во поглед на големината на инвестицијата или бројот на отворени работни места, бидејќи врз основа на тоа тие добиваат субвенции, односно државна помош. Доколку странските компании не ги исполниле обврските мора да бидат санкционирани или во најмала рака да бидат условени да ја добијат државната помош откако ќе се утврди дека ги оствариле ветувањата, вели академикот Абдулменаф Беџети.

Едно од истражувањата на Центарот за економски анализи покажа дека едно работно место во зоните во периодот од 2007 до 2014 години ја чини државата 21.000 евра. Истото истражување покажува дека седум странски компании кои работат во зоните за седум години добиле вкупна државна помош од 56 милиони евра.

-Од сите  ослободувања, субвенции или поволности за странските инвеститиори ние како земја добиваме само големи трошоци за нивното доаѓање, додека пак за возврат добиваме вработувања со ниски плата. Ако гледаме низ бројки, тоа изгледа добро бидјеќи имаме покривање на увозот со извозот од околу 70 %, но од тој износ  странските компании кои ја менуваат  и струтурата и волуменот на извозот во нашата земја, ги оставаат само платите, и тоа ниските плати на вработeните и воедно ја оптоваруваат буџетската каса бидејќи за тие вработени државата плаќа даноци и придонеси и слично, вели претседателот на  Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа.

Во еден од извештаите Меѓународниот монетарен фонд нотираше дека мерките кои ги нудат македонските власти за странските инвеститори, истите не ги нудат и за домашните инвеститори, при тоа укажувајќи дека високата стапка на сива економија и тешкиот пристап до финансиите се главните пречки со кои се соочуваат домашните компании од приватниот сектор при водењето на бизнисот во споредба со регионот.

Кои странски компании лани добиле државна помош?

Според податоците од последниот извештај на Комисијата за заштита на конкуренција, меѓу 13-те странски компании кои лани добиле државна помош се Џонсон Мети, Ки Сејфти Систем, Техникал Текстајлс,  Гентерм, Макдиа, Кранфилд Фаундри, Леар Цорпоратион, ОДВ Електорникс, Вистеон Електороникс, Јуроп Шок Абсорберс, М Скуаре Балкан Лимитед, Кондево МК Скопје. Инаку државна помош се доделувала преку кабинетите на министрите без ресор, Бил Павлески, Веле Самак и Џери Наумов, ТИРЗ со која раководи Виктор Мизо, и преку Агенцијата за странски инвестиции и прпмоција на извозот. А Комисијата за заштита на конкуренцијата одлуки за доделување државни субвенции за странските инвеститори носела во текот на целата година, па дури и на 31 декември. Податоците од извештајот покажуваат дека лани и компанијата Вистеон Електорникс добила субвенции во истиоет период кога менаџментот на компанијата најави дека до крајот на оваа година ќе го затвори погонот и ќе си замине од земјава.

Клучниот адут на Владата за моделот за привлекување на странските инвестиции е дека ќе се зголеми вработеноста и растот на економијата. Последните податоци од Нардоната банка покажуваат дека учеството на странските инвестиции во бруто-домашниот производ во првиот квартал од годинава е минусно односно изнесува -2,9 отсто. Во првите четери месеци од годинава во земјава влегле 96,7 милиони евра странски инвестиции или два милиони евра помалку од истиот период лани.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар