Колку тежат кандидатите за претседател на САД
Објавено во: Анализа 10 Август, 2015 09:26
Таткото на Америка, на изненадување на сите, бил полн како брод. Освен што бил прилично феноменален стратег и генерал, Џорџ Вашингтон бил сопственик на повеќе од 8.000 ари обработливо земјиште како дел од неговата плантажа во Вирџинија, Маунт Вернон. Освен овие плантажи, за жал, бил сопственик и на повеќе од 300 робови кои ја обработувале земјата.
Иако имал „само“ 525 милиони долари, Вашингтон е веројатно најбогатиот човек кој некогаш седнал на фотелјата.
Стив Форбс: 430 милиони долари
Внукот на основачот на Forbes магазинот, Стив Форбс, бил кандидат на Републиканската партија на изборите во 1996 и 2000 година.
Со богатство од околу 430 милиони долари, Форбс ја применувал политиката по која е познат Перот. Имал мал успех во 1996 година, победувајќи во Делавер и Аризона на прелиминарните избори, но не успеал да обезбеди номинација.
Мит Ромни: 250 милиони долари
Ромни, кој беше конкурент за претседателската позиција на Обама во 2012 година, го создал своето богатство како консултант во Bain & Company, а подоцна помогнал во основањето на Bain Capital, улога која заслужи многу критики за време на кампањата.
Сепак, вреди да се спомене дека Ромни голем дел од своето богатство го донира во хуманитарни цели, односно најголем дел од парите ги дава во Мормонската црква.
Џон Кери: 200 милиони долари
Актуелниот државен секретар на САД е прилично богат, со проценето богатство од околу 200 милиони долари. Најголемиот дел од нив се семејни пари, со оглед на тоа што Кери има служено во Армијата или како политичар целиот свој живот.
Богатството на Кери е минимално во однос на парите кои ги поседува неговата сопруга, Тереза Хајнц Кери, која е вдовица од семејството Хајнц, сопственици на познатата фабрика за кечап. Во 1996 година, таа се омажила за Хенри Џон Хајнц III, кој станал сенатор. Починал во авионска несреќа во 1991 година.
К.К
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





