19 Декември, 2025
0.0436

Колку вреди акцијата на „Макпетрол“?

Објавено во: Економија 26 Јули, 2016 07:58

Добивај вести на Viber

Книговодствено акцијата вреди 30.500 денари, единствениот понудувач дава одвај 26.000 денари. Малите, многубројни акционери барем најголемиот дел од нив уфкаат и ја паметат цената од 180.000 денари за акција. Не се малку пумпашите кои срамежливо велат : би ја дале, но за 1.000 евра за акција! Тече сагата за најголемата македонска компанија чија доминантна дејност е малопродажба и која е најголемиот продавач на мало на нафтени деривати во земјава. Има непријателска понуда за превземање, има менаџмент што е накострешен против понудувачите и , со право труби дека не знае кои се сопственици и инсинуира дека се работи за валкани пари, има Комисијаза хартии од вредност која треба да одлучи за понудата и за тоа и треба дополнително време и се разбира дополнителни документи. Прашање е дали водството на КХВ ќе стави потпис и ќе одобри понуда иако знае дека никогаш не може со сигурност да докаже дека нема валкани пари исто како што со сигурност и не може да докаже дека има валкани пари во понудата за превземање. Затоа што едноставно кај оф-шорките тоа е можно само и единствено ако вистинските сопственици или сопственик и појават и потврдат дека се тие. А најчесто оф-шорките се прават за да се скрие кои се вистинските сопственици на фирмите. И додека дебелата магла во сред лето е падната врз Макпетрол и КХВ, Фактор.мк во интерес на своите читатели ќе се обиде да ги изнесе фактите кои ќе помогнат да се направат контурите на фер пазарна цена за акцијата на македонскиот гигант. Прво, книговодствената вредност на неговата акција изнесува околу 30.500 денари. Тоа е износ што е официјално потврден од независен ревизор и е објавен јавен податок што секој може да го најде на сајтот на берзата. Таа цена е минимум фер цена при купување имот. Овде не зборуваме за бизнисот особено за овој што зависи од милоста или немилоста на господата Комисионери од Регулаторната комисија за енергетика. Тие важат за стручни луѓе, но важат и за луѓе кои се поставени од македонските политичари, а одлучувачка улога во поставувањето имаат политичарите кои моментално се на власт. Фирмата нема акумулирана добивка зашто таа беше исцицана за покривање на загубите кои ги книжеше неколку години наназад се до лани. Дивиденда не делела никогаш. Ова се многу важни историски податоци при дефинирање на цената. Второ, најниската цена на берза на оваа акција во последниве три години изнесува околу 15.000 денари. Највисоката историска цена на таа акција постигната во 2007 година изнесува над 180.000 денари. Ќе се сложите дијапазон сликовито прикажан како споредба на Мртвото море и Монт Еверест. Тешко е веројатно дека ќе видиме цена од 15.000 денари, но никако не е ни најмалку веројатно дека кога и да е во иднина ќе видиме цена од 180.000 денари за акција. За оваа цена срце им се кине на старите пумпаши кои немаа „муда“ да продадат на цена над 150.000 денари. Малкумина продадоа, но добија шут карти. Другите се уплашија и сега уфкаат и псујат. Многумина од нив не можат да се простат. Трето, засега има само една и единствена понуда од речиси 26.000 денари за акција. Тоа е понудата на ош-фор компанијата која јасно и гласно на неверување на многумина на 9 јуни објави дека има намера да даде понуда за преземање. Во тој момент таа цена беше силен импулс на нашиот пазар на капитал. Акцијата тогаш се продаваше за 17.000 денари. Сега нејзината цена , а месец и пол по настанот, е 23.500 денари за акција. Четврто, анонимна и неформална анкета што авторот на овој текст ја направи со пумпаши од десетина пумпи во Скопје, централна, северна и источна Македонија покажа дека нивна посакувана цена е околу 1.000 евра за акција! Поголем дел од тие луѓе се долги години во Макпетрол и не продавале акции досега од свои и различни и секогаш лични причини. Некој се уплашил од отказ, на друг му го вработиле детето, но и им ги намалиле платите, трет немал за свадба на ќерката на добил позајмица. Поголемиот број се незадоволни од менаџментот. Не им се допаѓа ниту договорот со ОИЛКО за кој велат дека секако е добитен, но само за ОИЛКО, а не и за Макпетрол. Да зборуваат против менаџерите, но и не сакаат да ги дадат акциите за цена од 25 -6 илјадарки. Велат дека не им треба да се симне Курто за да се качи Мурто. Воопшто не знаат и не ги интересира дали ќе има или не јавна понуда. Не ни размилсуваат за понудата. Внимавајте! Макпетрол има над 2.000 акционери, над 1.100 се актуелни или поранешни вработени. Тие како група поседуваат над 35 отсто од акциите. Тој што ќе ги задобие симпатиите на мноштвото од тие луѓе ќе владее со фирмата. Или ќе ги плашат како што тоа се случува и сега? Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар