Колку заработи вториот најголем производител на леб во Македонија?

Објавено во: Економија 20 Март, 2023
Вториот најголем производител на леб во земјата - Жито Леб АД Охрид лани заработил речиси 500 милиони денари, или околу 8,15 милиони евра, покажува билансот на акционерското друштво објавен на „Македонска берза“.
Тоа е зголемување на приходот за 1,15 милиони евра, што е за очекување ако се знае дека лебот доживеа енормен раст на цената минатата година, а статистиката измери дека тоа е еден од производите со највисоко поскапување - 40 отсто. Добивката на друштвото на крајот од 2022 изнесувала 130.000 евра, што е послаб резултат од претходната година (200.000 евра).
Кај вториот најголем производител забележително е дека на страната на трошоците има големо зголемување на расходите за суровини, кои се зголемиле за речиси еден милион евра, и раст на платите за вработените, кои се намалиле од 313 на 294 на број. Трошоците за струја имаат најголем раст и се зголемиле за двојно - од 250.000 на 500.000 евра. И покрај големото зголемување на овој трошок за електрична енергија, тој учествува со само 6,25 отсто во вкупните расходи на Жито Леб Охрид. Трошоците за гориво се зголемиле од 160.000 на 255.000 евра и нивното учество е само 3,2 отсто во вкупниот трошок на друштвото. Со проста математеки може да се каже дека кризата му донесе два милиони евра дополнителни трошоци на Жито Леб Охрид.
Најголемиот аргумент за зголемувањето на цената на пекарниците беше поскапувањето на увозното лебно брашно, квасецот и маслото, како и потребата од зголемување на платите на вработените.
Големите пекарници беа меѓу потрошувачите на слободниот пазар кои добија субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба по 80 евра од мегават час. Мерката требаше да трае од 1 декември 2022 до 31 април 2023, но Владата одлучи да ја прекине два месеци порано, затоа што поголемиот дел од субвенционираните производители не ги намалија цените.
Од овој месец Владата донесе мерка да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб до 33 денари и таква да остане до крајот на мај. АД Жито Лукс е единствениот производител на леб што на пазарот во земјата е поголем од Жито Леб Охрид.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Посетата на Кина го врати Илон Маск на првото место на листата најбогати во светот

Бектеши најави колкаво поскапување на струјата се очекува
Бесими: Во преговори сме со американска државна банка да го финансира проектот на „Бехтел и Енка“

Бојан Маричиќ: ЕУ по втор пат прашува за „Бехтел и Енка“

Поголемиот буџет донесе рекордни исплати за политичките партии

ОД ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА „ИЗВИРА“ ЛИТИУМ: Ќе отвораат рудници и ќе се зголемува производството на електрични возила
ПАДНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Загрижувачките вести од Кина го „срушија“ барелот

ПАДНАА ИНДЕКСИТЕ НА ВОЛСТРИТ: Инвеститорите стравуваат од зголемување на каматните стапки

Кина го лансираше Шенжу-16, вселенски брод со екипаж на 5-месечни интензивни задачи во вселенската станица
