24 Ноември, 2024
0.0296

Колку заработија лани двете најголеми нови инвестиции во електроенергетиката?

Објавено во: Економија 09 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Првиот приватен ветерен парк „Богословец“ на „Тхор Импекс“ и најголемата фотоцентрала во земјата на „Меј Енерџи“, позната како „ФЕЦ Новаци“, лани во својата прва година од работењето, односно од пуштањето во употреба, оствариле вкупен приход од 8,1 милиони евра. Тие наедно лани беа најголемите инвестиции во електроенергетиката што беа пуштени во употреба лани.

Според податоците од Централниот регистар, „Тхор Импекс“ со лиценца за пробна работа остварил приход од 4,75 милиони евра без ниту еден вработен, додека „Меј Енерџи“ која работеше само во последните четири месеци од 2023 има 1,36 милиони евра од произведената електрична енергија, обезбедена со 19 вработувања. Тешко е да се каже колку била добивката на двата инвеститори кои го користат македонскиот ветар и сонце за правење пари, затоа што станува збор за започнувањето со работа во текот на самата година со големи инвестициски задолжувања. Ветерниот парк има финансиско задолжување од околу 19, а фотонапонската централа од околу 22 милиони евра.

„Меј Енерџи“ е половина во сопственост на македонскиот бизнисмен Ферки Демировски, познат и по тоа што е сопственик на фабриките на АТС Груп за воена опрема за специјалните НАТО сили. Останатата половина е во сопственост на двајца бизнисмени од Турција.

Фотоцентралата на оваа компанија ,ФЕЦ Новаци” представува првата приватна фотоволтаична централа која е воедно и најголема од ваков вид на Балканот. Истата се наоѓа во општина Новаци на локација со вкупна површина од 57 хектари со моќност од 55 мегавати.

„Тхор Импекс“ е во сопственост на Б Н Б – Компани ДОО експорт-импорт Скопје и Грин фор Гроутх Фонд, Југоисточна Европа СА, СИЦАВ-СИФ, Луксембург. Нивниот ветерен парк „Богословец“ има моќност од 36 мегавати и се наоѓа на територијата на општините Свети Николе и Штип.

Според податоците на националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО, „Богословец“ за нешто повеќе од 11 месеци во 2023 произвел 50 милиони киловатчасови електрична енергија, додека „ФЕЦ Новаци“ за четири месеци, колку што работела лани, има повеќе од 18 милиони киловатчасови.

Не е познато на кого се продадени овие количини на струја, но извесно е дека тие најверојатно завршиле на странските берзи, со оглед на тоа што во 2023 извозот на електрична енергија од Македонија беше речиси колку увозот.

Во целата ситуација сигурно е само тоа дека земјата, ветарот и сонцето се на Македонија, а прашање е кој е бенефитот за македонската економија и животен стандард.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна