12 Мај, 2025
0.0362

Колку заработија најголемите фотоцентрали во Македонија лани?

Објавено во: Економија 08 Мај, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Меј Енерџи, ОСМ Солар и Фортис Енергетика се сопствениците на единствените големи фотоцентрали со моќност од над 50 мегавати кои активно работеа во текот на минатата година со производство на електрична енергија од обновливи извори. Сите три се во сопственост на странци - Меј Енерџи и Фортис Енергетика се на турски, а ОСМ Солар е на бугарски инвеститори.

Фотонапонската централа на Меј Енерџи во присуство на државниот врв почна официјално со работа во Новаци во септември 2023 како домашна инвестиција и најголема дотогаш на Балканот. БСЕМ Инвестмент на турскиот бизнисмен Ахмет Каган Јилдирим во август 2024 ја презеде од Шефшет Демировски. БСЕМ Инвестмент, како сопственик на Меј Енерџи, потоа прејде во сопственост на БСЕ Инвестментс - фирма од швајцарски Луцерн. Нови управители на местото на Јилдирим станаа турските државјани - Емир и Ерен Бахадир, а од оваа година директор е Кирил Илиевски.

Според податоците од Централен регистар, Меј Енерџи има приходи од 408 милиони денари во првата целосна година од своето работење. Тоа значи дека во 2024 приходите биле 6,6 милиони евра. Пријавената добивка е 2 милиони евра во првата активна година на работење. Задолженоста на Меј Енерџи како инвестиција е 20 милиони евра.

ОСМ Солар е во сопственост на познатата бугарска групација Реналфа и заедно со Фортис Енергетика ги менаџираат фотоцентралите со вкупна можност од 100 мегавати во јавно-приватно партнерство со државната ЕСМ. ОСМ Солар активно работеше во текот на целата ланска година, додека Фортис Енергетика почна со пробна работа во втората половина од 2024.

ОСМ Солар има приходи од 6,7 милиони евра во својата прва година од работењето. Пријавените трошоци се 4,2 милиони евра, но нема јасни податоци за евентуалната добивка. Фортис Енергетика има две фирми, од кои едната прикажува 2,5 милиони, а другата 1,4 милиони евра приходи, иако фотоцентралата работеше само во помал дел од ланската година. Двете друштва на Фортис Енергетика имаат големи инвестициски трошоци и задолжени се со вкупно 40 милиони евра.

Двете јавно-приватни партнерства ЕСМ ги склучи пред четири години. Двете инвестиции на локацијата во кичевски Осломеј, кои веќе испорачуваат струја во мрежата и ја продаваат, покрај предвидените вложени 70 милиони евра, требаше да доведат и стотина работници од рударско-енергетскиот комбинат. Според договорот за јавно-приватно партнерство, ЕСМ на ОСМ Солар и Фортис Енергетика им фактурира од продадената, односно од произведената електрична енергија, по околу 18 отсто од пазарната вредност на струјата како надомест. Обврската на ЕСМ беше да го даде земјиштето за локација кај РЕК Осломеј, да обезбеди пристапен пат и да направи анализа за условите за производство и балансирање на енергијата.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Фактор анализа КАВАДАРЦИ 2024: Кои се кавадаречките милионери? Со вино и серенади прават милиони евра!

Фактор анализа КАВАДАРЦИ 2024: Кои се кавадаречките милионери? Со вино и серенади прават милиони евра!

Кинески гигант ги направи првите милиони од ветерни турбини во Македонија

Кинески гигант ги направи првите милиони од ветерни турбини во Македонија

НА ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ „ПАЃААТ“ ПО ЕДЕН ПЕНЗИОНЕР И ЕДНО НЕВРАБОТЕНО ЛИЦЕ: се намали бројот на осигуреници во земјава

НА ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ „ПАЃААТ“ ПО ЕДЕН ПЕНЗИОНЕР И ЕДНО НЕВРАБОТЕНО ЛИЦЕ: се намали бројот на осигуреници во земјава

ЕВЕ КАКО СЕ ОТКРИВА ЛАЖЕН МЕД ВО ЕУ: Само една земја го користи овој метод, но дури ни тоа не е доволно

ЕВЕ КАКО СЕ ОТКРИВА ЛАЖЕН МЕД ВО ЕУ: Само една земја го користи овој метод, но дури ни тоа не е доволно

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО СКРАТУВА ВАЖЕЊЕТО НА ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ: Секоја земја сама ќе одлучи како ќе го спроведе тоа

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО СКРАТУВА ВАЖЕЊЕТО НА ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ: Секоја земја сама ќе одлучи како ќе го спроведе тоа

РАЗЛИКИТЕ СЕ ГОЛЕМИ: Еве каде се највисоките плати во ЕУ, по земји

РАЗЛИКИТЕ СЕ ГОЛЕМИ: Еве каде се највисоките плати во ЕУ, по земји

НАСКОРО „ГРАДСКИ ВОЗ“ ЗА СКОПЈАНИ И ЖИТЕЛИТЕ НА ПРИГРАДСКИТЕ НАСЕЛБИ: Еве што најавува премиерот

НАСКОРО „ГРАДСКИ ВОЗ“ ЗА СКОПЈАНИ И ЖИТЕЛИТЕ НА ПРИГРАДСКИТЕ НАСЕЛБИ: Еве што најавува премиерот

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА: Еве кој ќе инвестира

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА: Еве кој ќе инвестира

КОЈ ИЗЛЕГУВА, А КОЈ ВЛЕГУВА? експерти велат: „Ова е само почеток на нова ера!“

КОЈ ИЗЛЕГУВА, А КОЈ ВЛЕГУВА? експерти велат: „Ова е само почеток на нова ера!“