06 Декември, 2025
0.2597

КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ ОД РЕГИОНОТ: Каква е платата на Иванов во споредба со неговите колеги?

Објавено во: Финансии 24 Февруари, 2018 13:03

Добивај вести на Viber

Најголеми примања во однос на просечната плата примаат членовите на Претседателството на БиХ.

Според последните официјални објавени податоци, најголема месечна плата во регионот има претседателот на Словенија Борут Пахор. Како што се наведува во неговиот имот доставен до Изборната комисија, неговите месечни примања изнесуваат 3322 евра.

Повеќе од 3000 евра изнесуваат месечната плата на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и членовите на Претседателството на БиХ.

Централната изборна комисија на БиХ наведува дека членовите на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, Драган Човиќ и Младен Иваниќ примаат 2 862, 2874 односно 3 536 евра месечно.

Според јавните податоци, претседателот на Србија има три пати помала плата од хрватските и БиХ соседи. Александар Вучиќ месечно прима 1 083 евра, што е најмала претседтелска плата во регионот.

Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ месечно заработува нето 2 423 евра.

Помалку од 2000 евра месечно заработува нашиот претседател Ѓорѓе Иванов (1250евра) и на Албанија Илир Мета (1425 евра) .

Ако ги споредиме претседателските примања со просечната плата, апсолутни рекордери се членовите на Претседателството на Босна И Херцеговина, кои примаат седум пати повеќе од просекот во таа држава.

Претседателите на Хрватска, Македонија и Словенија примаат три пати поголема плата од просекот во својата земја, додека претседателот на Србија прима два пати повеќе отколку што изнесува просечната плата во Србија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција