Добивај вести на Viber
Денес сме сведоци и очевидци на тоа како светскиот финансискиот систем успеа да се спаси од колапс. Но, цената на таквиот исход се натрупани планини на надворешен долг, кој кога тогаш мора да се плати. Ваквата состојба предизвикува намалување на потрошувачката и стегање на ременот на вработените. На овој начин капиталистите ризикуваат да ја редуцираат потрошувачката, со цел и во насока на заздравување на глобалната економија на краток период, притоа туркајќи ја во нов циклус на рецесија.
Нормално, намалувањето на потрошувачката и трансформирањето на вработените во невработени e проследено со намалување на стапката вишок на новосоздадена вредност. Имено, кога сето тоа е во корелација со уништување на непрофитабилниот капитал и девалвација на капиталот во текот на рецесија, создадени се услови за нов круг на акумулација. Меѓутоа, постои проблем од недостаток на потрошувачка на краток рок-што е многу фундаментално- а денес во актуелната рецесија не видовме ни маргинално “креативно уништување”. Наспроти тоа големите банки и транснационалните корпорации ( на пример “Ford, Chrysler”), “кои се преголеми за да пропаднат”, се помагаат со државни субвенции и интервенции. Наместо чистење на непрофитабилниот капитал се акумулира куп на долгови, кој е пречка( бариера) која спречува ново креирање на профитабилност и нов циклус на економски раст.
Всушност, вбризгувањето на пари во банките и корпорациите за да се одржат на површина, можи да предизвика државен банкрот. Затоа што, “банките и корпорациите се преголеми за да пропаднат”, државниот банкрот се заканува кога изворите на кредит пресушат и кога институциите ја изгубат довербата во способноста на должникот да го отплати долгот. За тоа експлицитен пример е Американската инвестициона банка ”Liman braders” момент кога кредитот, крвотокот на капиталистичкиот систем, едноставно престане да тече. Во тој случај се најавува пролонгиран крах, со последица каде една голема рецесија се трансформира во нова, проследена со намалување на меѓународното движење на капиталот и меѓународната трговија.
Сепак, ова не е или-или сценарио. Доколку некои држави ги анулираат долговите и ја намалат потрошувачката за стоки и услуги од други држави, тогаш ќе изгубат добар дел од фискалните приходи и зголемувањето на јавната потрошувачка. Имено, ваквата состојба според економската логика и како резултат на се поголемата меѓузависност на државите, ќе навести влошување на економската состојба во други држави.Во овој случај ќе се појави закана од уште еден кредитен слом, пропратен со нова финансиска криза. Слично на тоа, враќањето на државата која по дефиниција не е ефективен и ефикасен реалокатор на ресурси, ќе иницира растечки конфликт и закана од покрај економска и политичка криза во меѓународни и регионални институции кои управуваат со финансискиот капитал и носат политички одлуки: на пример, фрагментацијата и поделеноста во еврозоната.
Тоа значи дека едноставни решенија за криза нема, затоа што сите поделби, фрагментации, патишта треба да водат кон една цел - реално надминување на економската криза. Досегашната пракса потврдува дека непланираната и анархична природа на капитализмот како систем и денес не доведе до работ на провалија- затоа што: тоа што е рационално за индивидуалниот капиталист и капиталистичката држава не е рационално за системот како целина.
М-р Влатко Пачешкоски, Асистент на Економски факултет - Штип
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.