Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери
Објавено во: Економија 29 Март, 2023 16:43
Комерцијална банка АД Скопје на 29.03.2023 година го одржа своето редовно Годишно собрание на акционери.
Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2022 година со бруто-добивка во износ од 2.311 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 161,8 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 2.149,2 милиони денари.
Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 2.149,2 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 50% од номиналната вредност на акцијата, односно по 500 денари на една акција. Исплатата на дивиденда ќе започне на 04.05.2023 година.
Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 849,6 милиони денари да се издвои во резерви. Дел од добивката во износ до 160 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2023 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката.
Собранието ги усвои финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2022 година како и Годишниот извештај за работењето на Банката во 2022 година
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




