17 Декември, 2025
0.1056

Комисијата за хартии од вредност го опомена Централниот депозитар АД Скопје

Објавено во: Економија 08 Јули, 2013 12:14

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија изрече јавна опомена на Централниот депозитар АД Скопје, бидејќи спротивно на Правилата за работа на ЦДХВ операторот на сметки извршил промена на адресни податоци на лице-сопственик на хартии од вредност.

Согласно Правилата за работа на ЦДХВ, операторот на сметки треба да постапува само по претходна и целосна проверка на документацијата, потребна да се утврди идентитетот на сопственикот на  хартиите од вредност .

Исто така на седницата што се одржа на 5 јули Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на ЕЈ СИ ЕМ Консулт ДООЕЛ Софија му даде согласност да стекне квалификувано учество во друштвото за управување со инвестициски фондови Иново Статус АД Скопје, односно да се стекне со акции со право на глас чиј кумулативен износ надминува 50% од вкупно издадените акции со право на глас на друштвото.

Од денот на добивање на согласноста од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе почне да тече законскиот рок од 90 календарски дена во кои ЕЈ СИ ЕМ Консулт ДООЕЛ Софија ќе треба да се стекне со акциите. Инаку, ЕЈ СИ ЕМ Консулт ДООЕЛ Софија има намера да поседува 100% од вкупно издадените акции на Иново Статус АД Скопје, односно  132.645 акции со право на глас.

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија