Комисијата за хартии од вредност одобри: „Свислион“ може целосно да го откупи „Агроплод Ресен“
Објавено во: Економија 08 Јули, 2020
Комисијата за хартии од вредност на вчерашната седница му даде дозвола на компанијата „Свислион“ да понуди да стане целосен сопственик на „Агроплод Ресен“ и да ги докупи сите преостанати 8.364 акции, односно 31,5 отсто од структурата, така што ќе треба да плати 1,84 милиони евра.
„Свислион“ и сега е управувачки сопственик, со околу 68,5 отсто од капиталот на ресенската компанија, но по многу перипетии минати низ последната деценија, конечно ќе ја оствари намерата да биде сам на своето во управувањето со преработувачот во прехрамбената индустрија.
„Понудата за преземање се однесува на 8.364 обични акции со право на глас издадени од Агроплод АД Ресен, кои претставуваат 31.59% од основната главнина на Агроплод АД Ресен. Во моментот на поднесување на понудата за преземање Прехранбената индустрија Свисслион ДОО Скопје поседува 18.116 обични акции од Агроплод АД Ресен. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 13.530 денари по акција.
Преземачот не утврдил најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена за понудата за преземање да се смета за успешна“, соопшти КХВ.
Од „Свислин“ веќе најавија дека сакаат да ги докупат сите акции до 100 проценти и на тој начин компанијата би станала единствен и неприкосновен сопственик на ресенски „Агроплод“. За да го докупи комбинатот ќе биде понудена сума од 113.164.920 денари. Понудата за преземање се очекува биде објавена веднаш по одобрението на барањето од страна на Комисијата за хартии од вредност.
На крајот од минатата деценија Министерството за економија ја промени сопственичката структура во „Агроплод“, на сметка на „Свислион“ откако малцинскиот акционер заедно со македонската влада именуваа нов управен одбор. Судот донесе неколку мерки со кои го замрзна имотот на друштвото. српската подружница поднесе тужба против Македонија до Арбитражниот суд во Вашингтон, по што државата беше должна да му исплати надомест од 700.000 евра. Во 2013 „Свислион“ ги доби назад 5.339 акции, со што повторно станал мнозински сопственик на „Агроплод“.
Во минатата година капацитетот оствари вкупни приходи од 36,8 милиони евра, и профит од 1,57 милиони евра. „Агроплод“ е основан во 1967 година и главно се занимава со производство на храна, но исто така поседува и хотелски капацитети.
А.К.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.