18 Декември, 2025
0.0771

Комисијата за хартии од вредност удри по еден од газдите во „Скопски пазар“

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2016 08:47

Добивај вести на Viber

КХВ го одзеде правото на глас на 875 акции што ги поседува Сашо Давитковски, претседател на Управниот одбор на „Скопски пазар“ и го задолжи да ги продаде акциите повикувајќи се на членовите 9 и 77 од Законот за превземање на акционерските друштва Комисијата за хартии од вредност (КХВ) му го одзеде правото на глас на Сашо Давитковски врз 875 обични акции што претставуваат 1,23 отсто од сите акции во „Скопски пазар“ и го задолжи во рок од најмногу шест месеци да ги продаде тие акции. КХВ му го одзеде правото на глас и на дивиденда врз тие акции на Давитковски врз основа на членовите 9 став 1 и 2 и 77 став 2 од Законот за превземање акционерски друштва. Во решението на КХВ објавено во Службен весник бр.106 од 3 јуни годинава, КХВ утврдило дека стекнувањето на тие акции е во спротивност со одредбите на законот. Од решението може да се заклучи дека Давитковски и лица со кои е поврзан (односно заедно со лица кои дејствуваат заеднички) го надминале цензусот на посед врз акции со право на глас што изнесува 25 отсто од сите акции со право на глас. КХВ го задолжи и Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) веднаш да го спроведе решението изготвено на 17 мај година. Во меѓувреме, Давитковски преку системот „сеи нет“ на Македонската берза објави дека на 2 јуни продал 63 акции со право на глас од спорните што значи дека треба да продаде уште 812 акции со право на глас за да го исполни решението на КХВ. Овој акт на КХВ сигурно дека ќе влијае дополнително на и така усложнетата ситуација меѓу двата корпуси акционери во „Скопски пазар“ кои и јавно манифестираат меѓусебна нетрпеливност. На едната страна се Сашо Давитковски и неговата мајка Тодорка Давитковска кои заедно поседуваат 23,23 отсто од акциите со право на глас. Наспроти нив е прилепската компанија „Современ дом“ со 14,96 отсто од акциите. За да го спроведе решението на КХВ Давитковски ќе треба својот стек акции во Скопски пазар да го сведе на 10,64 отсто. Тоа значи дека Давитковски и лицата со кои делува заеднички, како што го дефинира тоа КХВ во своето решение, ќе мора да го намалат своето учество во акционерската структура доколку не сакат да дадат јавна понуда за откуп на сите слободни акции со право на глас и за таа количини по однапред дефинирана цена да уплатат сума на пари во ЦДХВ. Дали ова решение на КХВ ќе ги зајакне амбициите на газдата на „Современ дом“ да продолжи да купува акции во „Скопски пазар“ останува да се види. Веројатно главна причина што трилерот трае подолго од една година и досега нема расплет во акционерската структура на таа фирма е тоа што и двете страни иако спротивставени имаат консензус по најважното прашање – цената за откуп на слободни акции! Затоа што и двете страна не даваат повеќе од 9.000 денари за акција. Тоа пак ги прави тактични малите акционери кои, веројатно, очекуваат подобра цена и не ги продаваат акциите. Веројатно големо влијание врз расплетот во „Скопски пазар“ ќе има и продажбата или поништувањето на 11,69 отсто од акциите кои сега се во сопствен откуп на „Скопски пазар“ и заради тоа не носат право на глас ниту право на дивиденда.Повеќе на темава може да прочитате на следните линкови: http://faktor.mk/2016/04/19/koj-ke-ima-dominatsija-duduloski-so-sovremen-dom-mu-dishe-vo-vrat-na-davitkovski-vo-skopski-pazar/ http://faktor.mk/2015/11/27/prodor-vo-aktsionerskata-struktura-koj-go-merka-skopski-pazar/ Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа