Комисијата за заразни болести утре ќе ги разгледува податоците за заболени од ковид -19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 29 Март, 2021
За утре e закажан состанок на Комисијата за заразни болести.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок.
„Состанокот на Комисијата за заразни болести е закажан за утре заради тоа што обично бројот на случаи од резултатите од изминатиот викенд не е реален. Во текот на утрешниот ден ќе ги разгледуваме новите податоци“, рече Филипче.
Според најновиот извештај на Министерството за здравство, во земјава има 303 нови заразени со ковид - 19 и 41 починат. Од среда ќе се вакцинираат повозрасните граѓани. Дел од граѓаните веќе ја примија првата доза во соседна Србија за време на викендот.foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.