Комисиска расправа за законите за воздухопловство и железнички систем
Објавено во: Економија 17 Октомври, 2012 11:39
Со измените е предвидено воените аеродроми, леталишта и терени кои ги исполнуваат условите за безбедно слетување и престој на воздухоплови да се запишуваат во регистар на воени аеродроми, леталишта и терени кои ги води Министерството за одбрана. Со измените и дополнувањата меѓу другото е предвидено договорите за концесија или јавно приватно партнерство и правата и обврските кои произлегуваат од нив да можат да се пренесат со претходно писмена согласност од концедентот или јавниот партнер доколку со тоа не се загрозува континуираното и квалитетно воспоставување на концесијата или јавното приватно партнерство.
Како што појасни заменик-министерот Хани, и во Предлог-законот за изменување на Законот за железничкиот систем станува збор за усогласување со Законот за јавно приватно партнерство и за концесии. Со измените предвидена е постапката за тоа како се склучуваат договори за јавно приватно партнерство, а во таа насока одлуката да се донесува врз основа на физибилити-студија претходно изработена за оправданоста на таквото јавно приватно партнерство. Се предлага и утврдување на периодот за кој се доделува договорот за јавно приватно партнерство за изградба и за управување со дел или со цела железничка инфраструктура. Приватниот партнер, според измените, нема право да го пренесе склучениот договор на друго правно лице.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања





