19 Декември, 2025
0.0607

Компании тендерџии отвораат нови складишта за горива во Македонија

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

По Пуцко Петрол, и Тритерол Петрол ќе инвестира во ново складиште за нафтени деривати во екот на енергетската криза. Она што ги поврзува заеднички овие две компании е тоа што се можеби двете најголеми во јавните набавки на гориво во земјата.

Минатата недела впишана е одлука од страна на Тритерол Петрол за организирање на подружница - склад за нафтени деривати во Струмица за трговија на големо, нешто слично што направи и Пуцко Петрол пред еден месец во Кисела Вода. Подоцна на оваа адреса Пуцко Петрол побара лиценца за работа со три големи складишта.

Управител на новата подружница на Тритерол Петрол е сопственикот Љупчо Пецов. Од јавно објавени документи единствено е познато само дека Тритерол Петрол до крајот на 2022 има услов да ги прошири капацитетите за складирање од Регулаторна комисија за енергетика. Во меѓувреме компанијата на Пецов беше и под надзор на Државниот пазарен инспекторат, од каде, меѓудругото, имаше забелешки дека снабдувачот нема оперативни резерви на нафта и деривати.

Единствено познати складишта на компанијата се 9 подземни резервоари во кумановско и тоа: 3 резервоара од 50m3 за прием на Еуродизел БС (Д-Е V), 2 резервоара од 50m3 за прием на Еуросупер БС 95, 2 резервоара од 50m3 за прием на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), 1 резервоар од 50m3 за прием на Биодизел и 1 резервоар од 60m3 за прием на Течен нафтен гас (ТНГ).

Во првата половина од годинава фирмата Тритерол Петрол ДООЕЛ, според претходни медиумски истражувања, склучила 29 договори за јавна набавка со локални институции од централно- источниот дел од земјава. Од државните сметки наплатила 248 фактури за набавка на горива. Вкупната вредност на тендерите за набавка на гориво за греење од почеток на годинава изнесува 3,8 милиони евра.

На прво место, според податоците од Бирото за јавни набавки, по вкупната вредност на реализираните тендерски договори се на Пуцко Петрол, кои во првата половина изнесуваат најмалку 4,5 милиони евра. Оваа компанија од државните сметки на градинки, општини, судови, болници и државни институции за набавка на гориво за возила но и за греење наплатила 807 фактури до јули, покажуваат податоците од владината дата база „Отворени Финансии“.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?