КОМПАНИИТЕ БАРААТ КАДАР И БЕЗ ИСКУСТВО: Освен кризата за работници, што друго придонесе за поголема флексибилност?
Објавено во: Економија 03 Ноември, 2025 07:31
На многу огласи за вработување e наведено дека компаниите бараат работници со или без работно искуство. Недостигот на работна сила е еден од факторите кој придонесе да има поголема флексибилност на пазарот на трудот. Фирмите се отворени на кандидатите без искуство да им дадат шанса да ги совладаат вештините.
„Прво, кризата за работници е причината поради која работодавачите даваат шанса на луѓето без искуство, но тие открија и нова димензија во вработувањето, а тоа е самите да си ги креирааат кадрите. Двете опции се отворени, едната е дека навистина нема доволно работници и втората, многу поважна е сами да си ги креираме работниците и да работат онака како што наложуваат потребите на компанијата. Секако, имаме потреба од нов кадар“, вели Валентина Дисоска, претседателка на Здружението на бизнис жени во Македонија.
Крсте Блажески од ХОТАМ додава дека им даваат шанса на луѓето без искуство, и по извесен пробен период, веќе имаат попрецизна слика дали некој работник може да се адаптира и да биде продуктивен. Во хотелите и рестораните, примаат млади луѓе, но и повозрасни кои се занимавале со други професии.
„Отворени сме за луѓето без искуство, кои сакаат да пробаат и да дадат сѐ од себе за да научат. Им се дава пробен период од еден месец, да се види дали може или не може кандидатот да работи во одредена професија. Тоа постоело отсекогаш, се давало шанса на луѓето кои сакаат да работат, да научат да влезат во професијата и ден денеска останале некои уште си работат. Точно е дека секој нема да научи. Во летен период угостителите земаат студенти. Тоа секаде во светот е така, така се работи во угостителските објекти, но и на луѓе од други струки исто им се дава можност да работат. Сигурно нема веднаш да биде шеф во кујната, ама може да биде помошник и во рок од 5-6 месеци може да прифати и други обврски. Исто е и со келнерите, но битно е да сакаат да работат со луѓе и да не се мрзливи. Се даваат многу шанси. Но, со студентите сме ограничени затоа што тие завршуваат и се спремаат за на факултет. Имаме и наставници, кои преку лето не работат во училиштата и така можат да заработат нешто плус. Чесно си заработуваат. Отсекогаш било динамично на пазарот на трудот, се барало човек плус, но за жал нема голем интерес кај младите да учат било кој занает“, рече Блажески.
Според него, многу работници заминаа од државата пред неколку години, но сега како што вели, одливот е стабилизиран, затоа што за добрите работници и тука има добри плати.
Но, постојат и фирми кои настојувале да обучат луѓе без искуство, но на крајот, недостигот на добри работници довел до тоа да затворат.
„Јас пред неколку месеци затворив. Нема иднина, треба да се исплаќаат плати и доведени бевме во ситуација да имаме само добри работници, продуктивни. Едно време примавме работници без искуство, но од оние кои ќе се пријават, од 10 можеби еден ќе биде добар работник. Не може некого да обучуваме и да му исплаќаме плата. Ако тоа го стимулира државата е во ред, ама многу ретко има луѓе што сакаат да учат“, вели штипјанец кој поседувал конфекција.
Деновиве според податоците објавени на сајтот на Агенцијата за вработување, имаше над 10.000 слободни работни места. Фирмите бараат продавачи, слаткари, готвачи, програмери, келнери, општи работници и друго.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања





