КОМПАНИИТЕ ЈА НАУЧИЈА ЛЕКЦИЈА, НЕМА ДА СЕ ТОЛЕРИРААТ ЗЛОУПОТРЕБИ: Бектеши не открива дали ќе продолжат замрзнатите цени
Објавено во: Економија 07 Декември, 2023 16:58
Мерките ги даваат своите резултати во делот на зачувување на животниот стандард. Во случај одредена мерка да се злоупотреби не само што ќе ја продолжиме, туку и ќе ги зајакнеме инспекциските капацитети, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.
Нагласи дека доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените на прехранбените производи и по 1 јануари. Тоа, како што кажа, ќе зависи од анализите што ќе ги направи Министерството за економија до крајот на годинава.
- Генерално прехранбената индустрија посебно трговијата на мало со храна и пијалаци веќе ја знаат лекцијата дека од страна на Министерството за економија нема да бидат дозволени злоупотреби - рече Бектеши.
Прашан зошто беше потребен голем пакет на помош за граѓаните на само неколку месеци пред избори, Бектеши рече дека мерките се најавени од почетокот на годинава и не се мерки кои граѓаните не ги очекувале.
- Ветивме дека ни еден граѓанин нема да го почувствува товарот на енергетската и економската криза и дека како држава ќе ја покриеме разликата со цел да им излеземе во пресрет за тоа што е изгубено во минатото во делот на зголемување на инфлацијата и од влијанието на енергетската криза во делот на семејствата. Мерките се ветени на семејствата кои навистина имаа потешкотии во делот на справување со инфлацијата и со енергетската криза. Над 7.000 домаќинства во наредните денови добиваат директна субвенција како ранливи категории од страна на Министерството за економија за исплата на нивните фактури за потрошена електрична енергија - рече Бектеши и додаде дека оваа мерка се реализира од почетокот на годинава.
Истакна дека почнувајќи од септември годинава просечната плата повеќе се зголемува отколку инфлацијата.
- За инфлацијата има податоци од октомври и ноември кои се помали од 5 отсто иако и моето и ветувањето на премиерот Ковачевски беше дека инфлацијата во декември ќе биде под 5 отсто - посочи Бектеши.
Прецизира дека првично се носеа одлуки за справување со ценовните шокови, а потоа за антикризните пакети.
- Ако се вбризгаа средства во периодот кога имаше зголемување на инфлацијата можеше да влијаат негативно во делот на инфлацијата заради тоа што можеа да ја поттикнат потрошувачката, а со тоа чинителите во трговијата можеа да ги зголемат цените. Токму затоа прво донесовме одлука за замрзнување на цените, а потоа ги промовиравме мерките кои ќе бидат реализирани согласно деветтиот пакет - рече Бектеши.
За барањето на опозицијата за намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 поднесено на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се разгледува државниот буџет за наредната година рече дека не е во тек и додаде дека нема да им помогне на изборите.
- Опозицијата најверојатно се подготвува за избори. Никаков предлог нема да им помогне во делот на изборите заради тоа што граѓаните се определени за иднината на државата, а тоа е европската иднина - потенцира Бектеши.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




