14 Мај, 2024
0.0249

Компаниите кои свртеа милијарди долари во 2013-та!

Објавено во: Свет 30 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Оваа година беше одлична за многу технолошки компании кои со излез на берзата или аквизиции заработија милијарди долари. Оваа година продолжи трендот на купување на старт ап компании по цена од околу милијарда долари, а на берзата се појави и уште една голема социјална мрежа – Твитер. Новинарите на Бизнис Инсајдер објавија попис на компании на кои 2013 година им беше одлична година, бидејќи благодарение на излез на берзата или со аквизиции свртеа стотици милиони, т.е. милијарди долари и нивните сопственици, основачи и акционери оваа година станаа милионери. Ова се некои од тие компании: Твитер – вреден 24 милијарди долари, на Бизнис Инсајдер велат дека излегувањето на Твитер на берзата првиот ден создаде дури нови 1,600 милионери и милијардери. Акциите на оваа компанија за кусо време пораснаа речиси дупло па по почетните 26 долари кон крајот на оваа недела се приближи до вредност од дури 60 долари. Тумбир – Мариса Мајер до сега во Јаху повлече многу големи потези, а веројатно најголем е преземањето на Тумбир, популарен блогерски сервис. Основачот на оваа компанија Давид Карп секогаш зборувал дека сака Тумбир да остане свој и дека никогаш нема да го продаде на голема медиумска компанија, но кога доби понуда поголема од милијарда долари, сепак се предомисли. Вејз - продаден за 1,1 милијарда долари; на израелската компанија Вејз наводно око фрлија Епл и Фејсбук, но најконкретен сепак беше Гугл кој оваа аквизиција ја плати 1,1 милијарда долари. Квент - излезе на берзата – платформата за организација на настани Квент е основана уште во 1999 година, а едно време беше на работ на банкрот. Но, нејзиниот основач и сопственик Реџи Агарвал по долги години успеа повторно компанијата да ја крене на нозе, па изведе успешно излегување на Квент на берзата чија пазарна вредност првиот ден од тргувањето изнесуваше околу 1,4 милијарда долари. Фајер Ај – оваа година на берзата почна тргување со акциите на компанијата Фајер Ај чија цена на акциите првиот ден скокна за дури 80 отсто, па нејзината пазарна вредност порасна на 4,7 милијарди долари. Фајер АЈ развива сигурносни производи за компјутери на деловни корисници, што како што потенцираат е пазар со голем потенцијал на идниот раст. Тејбл Софтвер – оваа компанија која се занимава со анализа на податоци кои ги претвора во табели и графикони, некои ја нарекуваат убиец на Ексел. Колкава е популарноста на Тејбл меѓу инвеститорите најдобро зборува податокот дека на денот на излегувањето на берзата нејзината вредност изнесувала 4,7 милијарди долари. Нокиа – поради аквизицијата вредна седум милијарди долари на овој попис се најде и Нокиа. Поранешниот мобилен гигант долго време се наоѓаше во проблеми, а нејзиното преземање од страна на Мајкрософт за седум милијарди долари не се смета за успех, туку за капитулација. Мајкрософт ќе продолжи со развој на Лумиа, паметен телефон кој ќе работи на нивниот Виндоус Фоун на оперативниот систем 8. Соурсфајер – купени за 2,7 милијарди долари. Во своите обиди да се прошират на нови пазари, Циско ја купи оваа компанија која се бави со развој на безбедносни софтвери. Екзакт Таргет – аквизија вредна 2,5 милијарди долари. Токму ЕкзактТаргет е најголема досегашна аквизиција на Сејлфорс кој за него плати дури 2,5 милијарди долари, верувајќи дека нивните услуги (развој на технологијата за електронска пошта и за мобилни маркетиншки кампањи) ќе помогнат во понатамошниот раст. Рокет Фуел – со излегувањето на берзата вредноста беше над 2 милијарди долари. Во текот на излегувањето на берзата во јули Рокет Фуел беше една од 20 компании кои можеа да купуваат огласи во рамки на берзата на огласи на Фејсбук и токму тоа најмногу ги привлече инвеститорите поради чии навалици цената на акциите првиот ден порасна за 93 отсто.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи