Компаниите во Црна Гора должат 14 отсто од БДП
Објавено во: Балкан, Економија 11 Јули, 2012
Централната банка, за прв пат објави попис на компании кои се блокирани подолго од 30 дена поради неплатен долг поголем од 10.000 евра. На основниот попис се наоѓаат 2.075 компании чија сметка им е блокирана од 32 дена до 12 години и 6 месеци. Сепак, 48 густо напишани страни не беа доволни на пописот да се најдат и компаниите должници чија блокада на сметката е регистрирана во ЦБЦГ, но за нивното постоење нема податоци во Централниот регистер на Стопанскиот суд.
На тој список се наоѓаат некои 180 правни лица - од Општина Будва (во блокада поради 7,3 милиони) и Југоокеанија (поради долг нешто поголем од милион) до целосно непознатата фирма Лимексза од која доверителите, околу 11 години се обидуваат да ги наплатат тогашните 3,2 милиони евра.
Тајната на оваа компанија ја знае некој Един Ефовиќ, митска личност на нашата транзиција. Неговата фалсификувана лична карта помогнала на Владата на Филип Вујановиќ во партнерство со Станко Суботиќ да го купи првиот државен лир џет. Затоа ефовиќевата ЈУБА е наградена со неколку стотици илјади долари провизија. Изгледа пристап до тие пари имале тогашните функционери на КК Будуќност и ЈУБА кошаркарската лига на Данило Митровиќ и Веселин Баровиќ, но пред судот сите заборавиле се. Баровиќ сега, на пописот на ЦБ е застапен со долгови на Еуро фондот.
Будва е нај неликвидна општина во овој дел на Европа. Фирмите во чие основање учествувале асовите на ДПС Мило Ѓукановиќ и Светозар Маровиќ, некои лично, некои преку кумови, пријатели или партиски послушници - учествуваат во наталожени долгови со најмалку од 100 милиони евра.
На прво место на листата на најголеми должници се наоѓа будванската Завала Инвест со регистриран долг од 32,7 милиони. Се работи за фирма која во 2007 ја основале Сергеј Полански и Вјечислав Лејбман (преку Миракс Балкан) и претставници на тукашната филозофија Драган Секулиќ и Светозар Маровиќ (Монинвест). Работата за изградба на 40 вили и хотели во форма на бродско едро високо 20 спрата, договорена во Кан, почна во Завала без ниту еден документ.
Епилог: Будва остана без атрактивни локации, инвеститорите без пари, купувачите на вили без апартмани, локалните актери на работата на столетието неправосилно се осудени на повеќегодишен затвор. На долговите на Завала Инвест додадени се и неподмирените обврски на компаниите од истото сопственичко милје: Астра Монтенегро трејд (1,7 милиони) и Став Лајф (4 милиони) најдоа свое место на списокот на ЦБЦГ. Хотелот едро и улогата на Светозар Маровиќ повеќе не се спомнуваат.
Во Подгорица, ДПС и неговиот претседател имаат макар два стопански гиганти кои можат да парираат на Завала на Маровиќ.
КАП не се најде на листата на ЦБЦГ. А само за струја должи околу 40 милиони евра. Нема јунак кој е подготвен да се обиде да го наплати побарувањето од КАП со блокирана сметка на фирмата за чии интереси се грижат московски и подгорички моќници - од Олег Дерипаска и Сергеј Шојгу, Мило Ѓукановиќ и Милан Рочен, па се до премиерот и потпретседателот на Владата Игор Лукшиќ и Вујица Лазовиќ.
Има во тоа некоја иронија, повторно на листата на најголеми должници местото на КАП го зазема Вектра Монтенегро на Драган Брковиќ која е со блокирана сметка. Од мајката компанија доверителите без резултати, се обидуваат да наплатат 22,9 милиони. Тука се и ќерките компании, настанати во приватизацијата: Вектра Бока (4,6 милиони), Вектра Вода (2,9 милиони) и Хоризон лоџистик (2,59 милиони)... Се на се, 33 милиони не сметајќи ја плеваљаската Вектра Јакиќ која ја нема на пописот на најлошите ќерки компании.
Тезата дека Ѓукановиќ е одговорен за долговите на Вектра, макар толку колку што е должен и Маровиќ за Завала, не е последица само од тоа што сопственикот на Вектра и сопственикот на ДПС се кумови, или поради шпекулациите дека Ѓукановиќ е тивок партнер со кој формално газдува Драган Брковиќ. Врските се очигледни.
Владата на Ѓукановиќ донесе одлука Вектра, анонимна компанија без референци, да го преземе комплетниот увоз и извоз за потребите на КАП во време на санкциите кон СРЈ. Ѓукановиќ е и иницијатор на одлуката од Вектра, авансно за потребите на Владата, да се купи најскапиот деловен простор кој во минатиот век можеше да се најде во Подгорица. Вектра потоа, во матни игри со имотот на КАП, доби повластен статус на ино-доверител, што и донесе нови милиони. Власта Брковиќ го частеше и со повеќедецениската концесија за експлоатација на плевљанските шуми и покрај подобрите понуди во конкуренцијата. На сличен начин Вектра во Херцег Нови стана сопственик на ХТП Бока. Сведоци сме дека судството речиси цела година го одолговлекува донесувањето на одлука со која империјата на Брковиќ ќе оди во стечај.
Да се вратиме на пописот на ЦБЦГ. Министерот за надворешни работи во заминување, би можел макар и во мемоари, да открие колкава е неговата заслуга во тоа што руските компании ја ограбија Црна Гора. Од ЦЕАЦ и Миракс, до Мидланд стил трејд кој избега со долг од 2,7 милиони, па се до многу други компании за трговија со недвижнини и хотелиерство од кои денес се побаруваат милиони.
На чива сметка ќе биде компанијата Сисајд апартментс од која доверителите побаруваат 1,9 милиони евра? Се работи за експозитура на норвешката Олимпиа холдинг која за три години, во срцето на Улцињ, нелегално изгради прекрасна зграда од 3,5 илјади квадратни метри. Според пишувањето на Вијести надлежните мижеле на ова беззаконие и поради тоа што - како фиктивен изведувач на работите на објектот ги водело лице од Никшиќ кое е во роднински врски со Мило Ѓукановиќ...
На делот од колачот на Маровиќ припаѓаат регистрираните долгови на Аква парк, кој преку оф шор експозитури од Кипар газдува и неговиот син Милош Маровиќ. Тука е и Монтенегро Волеј Бол во сопственост на внука на Маровиќ, Драгана Секулиќ, која над 20 месеци е должна еден милион евра. На семејното милје, така барем тврди Момир Булатовиќ, во книгата Правила на молчењето, припаѓаат долгови на компанијата Имобилија во сопственост на Бранко Ќупиќ.
Ќупиќ претставува карактеристичен пример на транзициски богаташ кој може но не сака да плаќа долгови. Во сопственост на Имобилија, пишуваше Монитор, се наоѓаат четири прочуени палати од заливот Бокакоторска, но и будванската Цитадела, Градската кафеана во Херцег Нови или будванскиот хотел Белви, во кој полицијата оваа пролет најде 30 килограми опал, со непознато потекло и непознат сопственик.
Повторно сме кај приказната за компаниите - должниците чии сопственици се попознати на читателите на црна хроника, отколку на тие кои ја следат економијата. Брокерите кои на клиентите крадеа пари (Холдер Брокер), затајувачите на даноци, сопственици на кривични пријави поради диви градби, продавачи на недвижнини кои долговите ги книжеле на една, а приходите од продадените станови на друга фирма (прва е на списокот на ЦБЦГ - Кател)...
Тука се Душко Шариќ и неговата Мат Компани. На пописот, според тврдења од Белград, се наоѓа и еден од главните партнери на неговиот брат Дарко Шариќ - Блажо Дедиќ. Двете дедиќеви компании, всушност должат 9,8 милиони евра. Дедиќ во медиумите се фали дека неговиот Маестралтурс поседува: хотел Медитеран, неколку локали во Будва, новосадските хотели Војводина и Путник, хотелот Президент на Палиќ, Патрија во Суботица, деловни згради во Будва и во Бечиќи...
Куриозитет: кога ќе почнете да го читате списокот на ЦБЦГ, првата компанија со блокада поголема од милион евра е барската Алфа трејд. Ако отстраните два три паравани, доаѓате до името на сопственикот - Душко Кнежевиќ.
За секого по нешто
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.