Компанија на неделата „Стопанска банка АД Скопје“
Објавено во: Анализа 01 Март, 2016 08:14
Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во соработка со порталот Фактор еднаш неделно ќе ви претставува по едно котирано акционерско друштво. На почеток ќе имате можност да се запознаете со компаниите кои се составен дел на МБИ 10 индексот.
Оваа недела ви ја претставуваме „Стопанска банка АД Скопје“.
Стопанска банка А.Д. - Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како првата банка во Македонија во 1944 година, Стопанска банка ги постави темелите за банкарското работење и сѐ уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица што работат во Македонија. На почетокот на 2000 година управувачкиот пакет-акции од Стопанска банка А.Д. - Скопје беше откупен од страна на Националната банка на Грција – најголемата банкарска групација во Југоисточна Европа. Со овој значителен чекор Банката го продолжи својот растеж и развој во успешна компанија во согласност со светските банкарски стандарди.
Управен одбор :Диомидис Николетополус ,Тони Стојановски ,Теодолус Скордис, Милица Чапаровска - Јовановска
Надзорен одбор :Константинос Братос, Константинос Восикас, Панајотис Кранадрејас, Димитриос Франгетис, Анастасиос Лизос, Спиридон Ставрос Маврогалос Фотис, Димитра Гудуфа , Благоја Наневски, Владимир Кандикјан.
Интервју со Мирјана Трајановска, сениор директор за ликвидност и финансии
Нашиот тим се гордее што Стопанска банка АД – Скопје ја заврши 2015 со најдобри резултати досега. Секако, овие резултати се очекувани и доааѓаат како надградба на успешните години во кои Банката се реконструираше, подмладуваше, развиваше и воведуваше новитети на пазарот секако одржувајќи ги во фокусот клиентите и нивните потреби.Минимална цена 290Максимална цена 425Последна цена 410
Ценовна промена во тековната година(YTD)-3,53%
Годишна ценовна промена (YTY)9,92%
Состојба 26.02.2016
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени









