02 Септември, 2024
0.0249

Компанија од Билбао ќе прави проект за подземна сообраќајница од мостот„ Гоце Делчев“ до „Комплекс Банки“

Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Шпанската компанија “IDOM INGENIERIA Y CONSULTORIA S.A.“ во следните 10 месеци ќе треба да изработи инвестиционо техничка документација на ниво на Основен проект за подземна сообраќајница од мостот„ Гоце Делчев“ до „Комплекс Банки“, заедно со потребните сообраќајници за влез и излез со вклучена ревизија. Интересно е што Градост Скопје го додели тендерот на оваа компанија од Билбао, Шпанија без објавување на оглас.  Исто така интересен е и податотокот што проценетата вредност на Градот Скопје за изработката на овој документ е 48.780 евра, идентична сума со онаа за која “IDOM INGENIERIA Y CONSULTORIA S.A.“ се нафати да го изработи основниот проект за оваа подземна сообраќајница. “Дополнителните услуги произлегуваат поради измена и дополна на сообраќајниот проект за подземната сообраќајница, а со тоа се промени и проектната задача во обем за градежниот дел во неколку елементи, како вметнување на турбо ротонда на делот на раскрсницата бул. „Кочо Рацин“ и бул. „Кузман Јосифовски Питу“ наместо кружен тек со семафори, подземен пешачки премин (електрика и лифт за хендикепирани лица) на бул. „Кочо Рацин“ и скали под мостот „Република“ а со тоа и проектирање на електриката како и промена на предлогот за времени решенија“, вака од Градот Скопје ја објаснуваат причината зошто за овој проект не објавиле оглас, туку во непосредна спогодба ја ангажираа шпанската компанија. Од Град Скопје ја демантираат оваа информација Во врска со невистините наводи и грубите дезинформации, објавени од Вашиот портал „Фактор“, во натписот: Компанија од Билбао ќе прави проект за подземна сообраќајница од мостот “Гоце Делчев“ до “Комплекс Банки“ Авторот на текстот грубо манипулира со Вашите читатели, преку голата презентација на наводите дека  „Интересно е што Градост Скопје го додели тендерот на оваа компанија од  Билбао, Шпанија без објавување на оглас“, како и наводите „Исто така интересен е и податотокот што проценетата вредност на Градот Скопје за  изработката на овој документ е 48.780 евра, идентична сума со онаа за  која “IDOM INGENIERIA Y CONSULTORIA S.A.“ се нафати да го изработи  основниот проект за оваа подземна сообраќајница.“ се целосно невистинити и извадени од контекст. Градот за секој склучен договор, согласно со Законот за јавните набавки во  законски утврден рок на Веб страната на Бирото за јавни набавки /ЕСЈН/, објавува Известување за  склучен договор, од каде што јавно се достапни сите информации поврзани со  видот и начинот на спроведување на постапката за јавна набавка кои  претходеле на конкретниот договор. Во врска со текстот објавен од „Фактор“ станува збор за Договор за дополнителни услуги за изработка на инвестиционо техничка документација на ниво на Основен проект за подземна сообраќајница од мостот „Гоце Делчев“ до „Комплекс Банки“, заедно со потребните сообраќајници за влез и излез со вклучена  ревизија, кој е склучен на износ од 3.000.000,00 денари, за кој Градот Скопје на 08.02.2013 година објави јавно на Веб страната „Известување за склучен договор за дополнителни услуги“, а по претходно спроведена постапка со преговарање без претходно објавување на оглас согласно со член 99, став 1, точка 4 и став 2 од Законот за јавните набавки (за набавка на дополнителни работи или услуги кои не се вклучени во основниот договор, а кои поради непредвидени околности се нужни, под услов договорот да му се додели на изведувачот на работите или давателот на услугите од основниот договор кога таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одвоени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот  орган). Од овде, произлегува дека е невистинит исказот дека Градот Скопје не спровел постапка за јавна набавка. Градот Скопје спровел постапка со преговарање без претходно објавување на оглас, бидејќи станува збор за набавка на дополнителни услуги кои се поврзани со доработката на основниот градежен проект. Во врска со исказот дека Градот Скопје за доработка на проектот платил идентична сума како и за основниот проект е целосно невистинит. Имено, за изработка на основниот градежен проект за подземната сообраќајница Градот Скопје има претходно спроведено отворена постапка, за што има објавено и оглас бр.167/2011, која постапка резултираше со склучување на Договор за изработка на инвестиционо техничка документација на ниво на основен проект за  подземна сообраќајница од мостот „Гоце Делчев“ до „Комплекс банки“,  заедно со потребните сообраќајници за влез и излез,  со носителот на набавка „ИДОМ“ од Шпанија, на 30.03.2012 година, на износ од 33.990.000,00 денари, за кој Договор исто така  Градот Скопје јавно објави на Веб страната на ЕСЈН Известување за склучен договор. (Известувањето е објавено на 12.04.2012 година) Врз основа на претходното очигледно е дека Договорот за дополнителни услуги поврзани со основниот проект вредносно не е идентичен со Договорот за основниот проектот, туку процентуално изнесува 10% од вредноста на основниот договор, што е во рамките на Законот за јавните набавки.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне утре, Филипче вели дека наставниците треба да добијат повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне утре, Филипче вели дека наставниците треба да добијат повисоки плати

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение