20 Декември, 2025
0.0597

Комплексот Капитол Мол и Резиденс сè поинтересен за брзо растечките компании

Објавено во: Мои пари 02 Јуни, 2015 08:09

Добивај вести на Viber

МКхост е компанија од компјутерската дејност која е основана пред десетина години, а која својата експанзија ја доживува последните две години. Случајно или не, нејзиниот  раст се поклопува со промената на локацијата на самата фирма. Имено, МКхост од позади Универзална сала  своите простории ги сели во  комплексот Капитол Мол и Резиденс, каде придобивките веднаш ги чуствуваат  не само сопствениците туку и вработените. mkhost „Подобра локација за нашиот бизнис во Скопје неможевме да најдеме. Добивате исклучително атрактивен деловен простор за оптимална цена“ вели првиот човек на компанијата Иван Петрушевски. mkhost1 Позитивните последици од локациската промена веднаш се регистрираа и во билансите на компанијата. Само последната година МКхост регистрираше  раст од 250 %. Бројот на корисници во апсолутни бројки МКхост го зголеми на дупло, а од вкупниот пазар во делот на хостирањето на веб страници оваа компанија  држи 32 %. 11297250_10205455021288503_530238304_o „Клиентите многу лесно нè наоѓаат, затоа што Капитол мол веќе стана градски топоним. Сите знаат точно каде се наоѓа, има слободни паркинг места и бесплатен паркинг од 2 часа, а приодот до канцелариите е обезбеден со 4 лифтови. Посебно ме радуваат сметките за греење и ладење кои откако се преселивме во овој високовалитетен енергетски објект каде климатизацијата е совршено решена трошоците за комуналии ни се двојно намалени“, вели Петрушевски. 11294511_10205455020488483_309635544_o Во МКхост се вработени  8 високо квалитетни професионалци и сите се задоволни од новата местоположба на фирмата. Исклучителнa предност на Капитол Мол му дава неговата близина до меѓуградската автобуска и железничка станица. Дел од вработените во МКхост доаѓаат од внатрешноста на државата и тие секојдневно патуваат на релација Куманово-Скопје, односно  Гостивар-Скопје 11297399_10205455021768515_154111594_o „Сè што ви е неопходно, а може да ви затреба во текот на работниот ден го наоѓате во Капитол Мол. Супермаркетот, рестораните и фитнес центарот кој дел од нас го користат за време на паузата се само мал дел од објектите кои секојдневно ги посетуваме, а ни се во функција да обезбедиме и дадеме поголем квалитет на нашите работни места “ е ставот на  вработените во МКхост. 11269327_10205455020808491_1641035710_o За оваа година Мкхост планира зголемување на услугите во други области, како што е  изработката на веб решенија и креирањето на веб апликации, а комплексот Капитол Мол и Резиденс ветува дека и понатаму ќе продолжи да биде центарот околу кој ќе гравитираат малите и средните бизниси, понудувајќи нови содржини кои ќе бидат во интерес на сите компании, нивните сопственици и вработени.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии