20 Мај, 2024
0.0333

Комплетно нова коцка ќе има на плоштадот

Објавено во: Македонија 10 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Градот Скопје појаснува дека на плоштадот „Македонија“ нема да се враќа старата и отстранета коцка, туку при реконструкцијата ќе биде поставена комплетно нова коцка.

Новата коцка ќе биде изработена од мермер со димензии 5х5 сантиметри, со црна и бела боја и ќе се употреби за изработка на мозаикот, како што може да се забележи од објавените фотографии со идејното решение за предвидениот проект за изградба на современа фонтана на плоштадот Македонија и реконструкција на плоштадот, објаснуваат од Градот. Според нивното соопштение станува збор за изградба на современа фонтана на површинско ниво со 128 прскалки,  кои ќе се употребуваат само во летниот период. Фонтаната ќе биде со димензии 15x15 метри, а ќе биде поставена на просторот помеѓу Камениот мост и постојната фонтана. За време на реконструкцијата, постојните плочи на плоштадот делумно ќе бидат зачувани, а другите ќе бидат извадени и ќе се употребат на плоштадот кај црквата Пресвета Богородица. На местото на извадените плочи, при реконструкцијата на партерот на плоштадот Македонија, ќе биде поставена комплетно нова коцка. На плоштадот ќе бидат заменети канделабрите,  клупите и кантите за отпадоци, велат од градот. Засега не е позната вредноста на инвестицијата. Како што претходно соопштија од Градот  2/3 од парите ќе ги обезбеди Владата на Република Македонија и 1/3 ќе бидат од буџетот на Град Скопје. Не е познато ниту дали ќе се употреби старата коцка што пред седум години беше извадена, иако Трајановски во 2009 година изјави дека на местото на сегашните гранитни плочки, ќе се врати старата калдрма. Неизвесно е и како ќе се одвива реализацијата на овој проект, бидејќи пред извесен период градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски најави измени на деталниот урбанистички план Мал Ринг.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража