05 Декември, 2025
0.0419

„Комунална хигиена“: Исплатата на плати се врши исклучиво преку системот на УЈП, што целосно ја исклучува можноста за селективност

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2025 15:56

Добивај вести на Viber

Во врска со објавениот текст на порталот Фактор.мк на 21.10.2025 година со наслов „Вработени во Комунална ексклузивно за Фактор: ‘Плата беше дадена на нововработени од Сарај, парите се цедат преку сомнителни договори за интелектуални услуги“, ЈП Комунална хигиена-Скопје, преку неговиот полномошник, го демантира текстот и насловот кои содржат невистинити и неточни информации, со кои се нарушува угледот и интегритетот на претпријатието. 

Во објавениот напис е наведено дека „дел од вработените не добиле плата“, дека „пари имало само за нововработените од Сарај“, како и дека „средствата се цедат преку сомнителни договори за интелектуални услуги“, што е неточно и без никаква фактичка основа. 

„Имено, платите на сите вработени во ЈП Комунална хигиена-Скопје се исплаќаат редовно, со можни краткотрајни административни доцнења кои се резултат на моментална финансиска неликвидност, предизвикана од неисполнети обврски на Министерството за здравство кое му должи на претпријатието износ над 5 милиони евра. Исплатата на плати се врши исклучиво преку системот на УЈП, што целосно ја исклучува можноста за селективност или фаворизирање на одредени вработени. Наводите за „сомнителни договори за интелектуални услуги“ се апсолутно лажни и тенденциозни, бидејќи сите договори на претпријатието се склучени транспарентно и во целосна согласност со Законот за јавни набавки. Со ваквиот напис, Фактор.мк постапил спротивно на Кодексот на новинарите на Македонија, објавувајќи непроверени информации и наводи без да се побара став од претпријатието, со што ја довел јавноста во заблуда и го нарушил угледот на ЈП Комунална хигиена-Скопје“, велат од ЈП „Комунална хигиена“. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите