06 Декември, 2025
0.0670

„Комунална хигиена“ се поднови со специјални возила

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2014 14:00

Добивај вести на Viber

Вкупно 13 нови специјални возила набави Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Меѓу комуналните возила, кои беа презентирани денеска, две се специјални цистерни за машинско и рачно миење на јавни површини, со капацитет на цистерната од 7м3, кои се набавени со грант од Светската банка за Градот Скопје, а чинат околу 9,5 милиони денари. Освен нив, набавени се и три специјални комунални возила за транспорт на садови за отпад – контејнери од 1,1м3, две специјални мултинаменски комбинирани возила со придружна опрема - опрема за чистење снег, опрема за расфрлање сол, приклучок ровокопач, како и приклучок грејдер за рамнење, две специјални возила рол-кипери, наменети за подигање и транспорт на прес-контејнери и четири возила за празнење контејнери со зафатнина од 1,1 кубен метар наменети за подигање на отпадот од тесните улички. Вкупната инвестиција на ЈП „Комунална хигиена“ за подновениот возен парк изнесува околу 55 милиони денари. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски изрази задоволство што, како што рече, „Комунална хигиена“ застанала на здрави нозе, станала финансиски стабилно претпријатие и со свои средства набавила нова опрема за своите потреби. „Во 2009 година ЈП „Комунална хигиена“ го затекнавме со 6 стари возила кои го опслужуваа целиот град, а денес ова јавно претпријатие има повеќе од 70 нови возила“, рече Трајановски. ФОТО: Курир

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија