ДАЛИ ДОЈДЕ ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ ЗА ШТЕДЕЊЕ ПАРИ ВО БАНКА - растат каматите на депозитите, а кредитите поевтинуваат
Објавено во: Финансии 29 Ноември, 2024 12:31
Во октомври 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,38 отсто и е намалена за 0,03 п.п. и 0,11 п.п. на месечна и на годишна основа, соодветно.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа месечен и годишен раст од 0,06 п.п. и 0,40 п.п, соодветно и изнесува 2,07 отсто.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во октомври, изнесува 4,81% и бележи месечно и годишно намалување од 0,17 п.п. и 0,74 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити оствари месечно и годишно зголемување од 0,24 п.п. и 0,52 п.п., соодветно и изнесува 2,84%.
Во октомври, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 5,09% и е намалена за 0,06 п.п. на месечно ниво. Споредено на годишно ниво, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,28 п.п.
Овој месец, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,65% и оствари месечен пад од 0,13 п.п. Во споредба со октомври минатата година, оваа каматна стапка е намалена за 1,06 п.п.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во октомври, е повисока за 0,08 п.п. и изнесува 2,42%. Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,46 п.п. на годишна основа.
Во октомври, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор изнесува 2,75% и бележи месечен раст од 0,61 п.п. На годишна основа, оваа каматна стапка забележа пораст од 1,24 п.п.
Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, овој месец, е непроменетa на месечна основа и изнесува 5,66%. Годишниот раст на оваа каматна стапка изнесува 0,06 п.п. Во октомври, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 5,17% и на месечно ниво е пониска за 0,10 п.п. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е пониска за 0,11 п.п. во однос на октомври минатата година.
Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, во октомври, изнесува 2,89% и бележи месечно зголемување од 0,10 п.п. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е повисока за 0,32 п.п.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





