26 Април, 2024
0.0386

Конците ги држи шефицата на кабинет: Кои се најблиските соработници на министерот Тевдовски

Објавено во: Економија, Интервјуа 29 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Сите шест се економисти - тие му се најблиските соработници на министерот за финансии Драган Тевдовски и се дел од неговиот тим. Не е фудбалски иако министерот порано бил фудбалер, ама таму секој ја знае својата позиција. Заедно кон мрежата за гол. Велат дека нивниот гол е Министерството да биде ефикасно, да носи одлуки кои ќе ги подобрат јавните финансии. Фактор ги претставува најблиските луѓе на министерот Тевдовски - Ширет Елези, заменичката на министерот, советниците Бранимир Јовановиќ , Рилинд Кабаши и Виктор Митевски. Шефица е Нена Манчев, а дел од кабинетот е и портпаролката Јована Аврамовска. Со нив е на секојдневни состаноци, ама и на телефон. За нив Тевдовски вели дека се тим, кој размислувал „outofthebox“ или надвор од границите. Тврди дека не се штеделе за работа и биле непосредни луѓе со кои лесно му одела комуникацијата. Која било одлука во Министерството за финансии се комуницира во министерскиот кабинет. 


Оттаму годинава излегоа повеќе нови закони, нови реформи. Тевдовски вели дека направиле сет од 10 крупни реформи, со кои се подобрува животот на граѓаните. Во следната година е планирано автоматизирање на процесите,  а наскоро и расходите од трезорот ќе добијат веб-платформа.

Тевдовски е доктор на науки, исто како и уште тројца од неговиот кабинет. Често ја споменува Данска – тоа е земјата каде бил на постдокторски студии на Универзитетот Архус.


Вели дека во работата како и во спортот важно е да имаш добар тим.

-Финансиите се крвотокот во општеството. Министерството за финансии извршува голем број на функции кои се витални за нашето општество. Затоа одговорноста да се управува со финансии е голема. Имаме голем број професионалци кои со својата стручност, искуство и посветеност во работата, даваат придонес се да функционира како што треба. Тука се заменик-министерката, државниот секретар Елена Трпковска, советниците во Кабинетот, голем број на вработени, колеги со кој имаме секојдневна координација. Во однос на тимот од кабинетот, ќе кажам дека потребно е да имате луѓе со кои ќе ги дели истите ставови и етика. Секој член од тимот има беспрекорна работна етика, визија за подобро општество, како и верба дека тоа може да се реализира - вели Тевдовски.

Неговата замена во Министерството е жена. Ширет Елези е родена во Германија и зборува четири јазици. Вели дека во Финансии не се прават разлики за тоа дали некој од раководната позиција е жена или маж и дека мнозинство во Министерството се жени.


-Во Финансии заменик-министерката е жена, државниот секретар е жена, шефот на кабинет е жена. Се е под конец, па судете сами - се шегува Елези.

Кога се зборува за Министерството за финансии, буџетот е прва асоцијација. Рилинд Кабаши го советува министерот за макроекономската политика, ама и за јавен долг и и односите со меѓународните финансиски организации. Пред да биде во кабинетот на Тевдовски работел во Народната банка. Посебено е горд што годинава, како што вели, сите плаќања од буџетот се извршуваат редовно и навремено, а брзорастечкиот јавен долг е под контрола. Со министерот, Кабаши вели дека разговара отворено и непосредно, искрено. Секој го брани својот став, но неговите се обично поконзервативни и попретпазливи.

Советникот Бранимир јовановиќ е најпознат во јавноста од сите во кабинетот. Пред да влезе во Министерството за финансии работеше како професор и истражувач на Институтот за општествени и хуманистички науки, но беше и политички активен. 


Тој практично е креатор на новата даночна реформа, на која како што вели, посветил најмногу време во изминатава година. За прогресивниот данок тврди дека е поправеден и оваа реформа ја смета како негов придонес кон општетсвото. Вели дека нема отстапки од тоа што го зборувал и за кое се залагал кога бил истражувач и активист и сега.

Помладиот меѓу советниците е Виктор Митевски. Тој порано му бил студент на Тевдовски, а сега го советува за меѓународни финансиски односи, централно финансирање и склучување на договори и управување со средствата од инструментот за претпристапна помош - ИПА, јавна внатрешна финансиска контрола, финансиска инспекција и јавни набавки. 


Митевски бил вклучен и во реформите за подобрување на фискалната транспарентност односно „Граѓанскиот буџет“, веб платформата Openfinance, отварањето на електронскиот ситем за јавни набавки за јавност.

Сите велат дека најдобро ги поврзува Нена Манчев која всушност е раководител на кабинетот.Манчев била спојот на поврзување кој го држела кабинетот. Таа практично го раководи Кабинетот, следи дали се почитуваат процедурите за работа и ја координира соработката со останатите сектори во Министерството, но и со другите институции. За неа колегите велат дека по природа е перфекционист, кој сака се до детали да е испланирано и под контрола. 


Во кабинетот дошла од германската фондација Фридрих Еберт.

- Јас сум последно засилување на тимот на министерот Тевдовски. Природата на функцијата бара да ги следам и да сум дел од сите процеси, реформи и проекти во рамките на Министерството, но и пошироко. По природа сум од оние луѓе кои веруваат дека може да се направи реална промена во општеството и токму затоа се решив да се вклучам активно во реалните општествени процеси. Знам да слушам и доволно сум отворена за да ми пристапат луѓето кога треба да се реши некоја ситуација, заеднички со нив се радувам на нашите успеси и справувања со предизвици. Зад мене стои голем број на професионални и посветени млади луѓе, со кои успехот е неминовен - вели Манчев.

За комуникацијата со јавноста и со медиумите е задолжена Јована Аврамовска. Пред да стане портпарол на Министерството за финансии, Аврамовска веќе и беше позната на јавноста како водител, најмногу од емисијата „Фчерашни новости“.


- Јавните финансии се специфичен сектор, посложени се за комуникација. Одиме и чекор понатаму во транспарентноста, наскоро ќе стартува и веб-платфромата Open finance во која граѓаните во реално време ќе можат да ги следат исплатите од трезорот. Многумина очекуваа мојата работа да биде повеќе пред камера, но вистинската работа се случува секојдневно во ПР канцеларијата. Тимот посветено работи во служба на јавноста преку давање точни информации. Како институција не можеме да си дозволиме импровизација, за да градиме доверба во Министерството за финансии мора да се бориме против неточните информации, со вистинските - вели Аврамовска.

Граѓаните ги следат политиките, има и критики. Во следната година работата на кабинетот на Тевдовски ќе биде и на нови тестови. 


А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра