„КОНЕЧНО, СКОПЈЕ ДОБИВА ЛУНА ПАРК“: Почна јавната набавка за проектирање и набавка на новиот забавен парк во градот
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2025 07:30
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека вчера почнала јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна парк.
Како што се посочува во соопштението на Град Скопје, со почнувањето на јавната набавка за проектирање и монтажа, градот влегува во нова фаза на урбана трансформација која ќе понуди современи атракции, целосна пристапност и нови содржини за сите генерации.
Ѓорѓиевски посочува дека панорамско тркало, пиратски брод, подморница, среќна лулашка и уште многу други реквизити ќе создадат уникатна атмосфера која ќе го збогати туристичкиот имиџ на Скопје. На овој простор од 84.000 квадратни метри, како што нагласува градоначалникот, ќе никне место каде семејствата ќе поминуваат квалитетно време заедно, каде ќе има зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани и театар со затворена сцена.
-Конечно, Скопје добива Луна Парк! Почитувани скопјани, со особено задоволство сакам да ве информирам дека по долги години оддолговлекувања и лажни ветувања, денес започнува јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна парк. По децении изминати во кои генерации деца беа лишени од местото што им припаѓа, место за игра, радост и незаборавни моменти, конечно започнуваме со реализација на проект што ќе ја означи новата ера на семејна забава во нашиот град. Пред нас е изградба на ултра модерен Луна парк, еден од најдобрите во регионот, изграден според највисоки европски стандарди. Ќе создадеме простор исполнет со ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри, зони со виртуелна реалност и целосно ново ниво на урбана забава, вели тој.
Градоначалникот нагласува дека Луна паркот ќе биде комплетно прилагоден и за лицата со попреченост, со најсовремени системи за безбедност, видео надзор и прва помош.
-Почитувани скопјани, како што ветив - најдоброто доаѓа! Скопјани конечно добиваат Луна парк што ќе биде симбол на нов почеток, на едно модерно, гордо и достоинствено Скопје, нагласува Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон
АКО БИ БИЛ МАНДАТАР, МИЛОШОСКИ БИ ГО СМЕНИЛ ФИЛКОВ: Еве што го налути коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ




