30 Октомври, 2024
0.0358

Конфискацијата на криминално стекнат имот требаше да започне, молк во Финансиска полиција

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка,.со кој од функционери и граѓани ќе се одзема сопственост што не може да се докаже дека е стекната законски, датумски веќе е во примена, но од клучната институција - Управата за финансиска полиција нема одговор дали се започнати одредени активности и дали се следат потенцијални случаи.

Како за останатите медиуми, така и за „Фактор“ се молчи на ова прашање. Од Министерството за финансии велат дека се работи на изработка на методологијата за проценка колку би можел да вреди сомнителниот имот и дали можел да се купи чесно од одреден актуелени или поранешен функционер, бизнисмен или некое друго лице.

- Ве информираме дека Министерството за финансии заедно со надлежните институции се во фаза на усогласување на Методологијата за проценка на имот и дека по завршување на овој процес истата ќе биде донесена од страна на Министерството за финансии. Имено напоменуваме дека соласно Законот Министерството за финансии има обврска да донесе Методологија, додека надлежен орган за примена на Законот и подзаконските акти е Управата за финансиска полиција, ни рекоа од Министерството за финансии.

Овој Закон стапи на сила на 12 март 2024, а неговата примена требаше да започне по шест месеци,што значи од изминатиот септември. Доколку има сомнение од Јавниот обвинител и Управата за финансиска полиција, самата конфискација треба да ја направи Државното правобранителство.

- Државно правобранителство на Република Северна Македонија ќе постапувам  соглано одредбите на Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, гласи штуриот орговор што го добивме од Државното правобранителство.

Од Јавното обвинителство пак ни порачаа дека е потребно време за да се видат првите резултати од овој закон.

- Претставници на Јавното обвинителство беа активно вклучени и дадоа свој придонес во изготвувањето на законските решенија за конфискација на имот во граѓанска постапка. Јавното обвинителство е подготвено и постапува во целост согласно надлежностите предвидени во важечките закони. Ефектите од примената на новодонесените законски решенија ќе можат да се анализираат по истекот на определен временски рок на примена, велат од таму.

Закон за потекло на имот, што ја туркаше стариот состав на Антикорупциската комисија со цел проверка на потекло на имот на сите граѓани, на крајот заврши со „модифициран“ Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, донесен непосредно пред промената на власта. Според овој закон, Финансиската полиција има надлежност да врши прибирање на податоци за имот чие стекнување на може да се докаже дека е од законски извори, но таму, како што стојат работите, постои некаков мотив да се молчи.

Новиот состав на Државната комисија за спречување корупција најави антикорупциска проверка на законот, поради недоречености и неусогласености со други закони, а невладини организации го оспорија дека може различно да се толкува и да се злоупотребува.

Во меѓувреме, помина летото и календарски навлеговме во есента, меѓутоа досега не слушнавме и дознавме дека почнал и тече некаков крупен процес на испитување на потекло на имот на министри, пратеници, судии, обвинители и други функционери. 

А.К.




Можеби ќе ве интересира

НЕМА БРАШНО, НЕМА ЛЕБ, СИЛОСИТЕ СЕ ЧИСТАТ И РЕНОВИРААТ - намалена загубата на „Жито Караорман“, но еве која е причината

НЕМА БРАШНО, НЕМА ЛЕБ, СИЛОСИТЕ СЕ ЧИСТАТ И РЕНОВИРААТ - намалена загубата на „Жито Караорман“, но еве која е причината

ПРОРАБОТЕ „АЛЧНОСТА“! Биткоинот на работ на нов рекорд - еве кои фактори моментално ги фаворизираат криптовалутите

ПРОРАБОТЕ „АЛЧНОСТА“! Биткоинот на работ на нов рекорд - еве кои фактори моментално ги фаворизираат криптовалутите

ПОРАНЕШЕН ГИГАНТ ОДИ ВО ЗАБОРАВ: По речиси 100 години работа, започна банкрот

ПОРАНЕШЕН ГИГАНТ ОДИ ВО ЗАБОРАВ: По речиси 100 години работа, започна банкрот

ГРАДОВИТЕ СЕ БОРАТ ЗА МЛАДИ ЛЕКАРИ ВО ХРВАТСКА: „Ми платија 50.000 куни за да го опремам мојот стан, за кујна и мебел“

ГРАДОВИТЕ СЕ БОРАТ ЗА МЛАДИ ЛЕКАРИ ВО ХРВАТСКА: „Ми платија 50.000 куни за да го опремам мојот стан, за кујна и мебел“

Трилер во „Македонијатурист“! Му заби ли нож во грб Соња Бибановска на Доне Таневски?

Трилер во „Македонијатурист“! Му заби ли нож во грб Соња Бибановска на Доне Таневски?

„НАСТЕЛ“ НА АЗМАНОВ ПРОДОЛЖУВА ДА ПРОДАВА АКЦИИ ВО „РЕПЛЕК“ - еве колку сега поседува градежната компанија на познатиот бизнисмен

„НАСТЕЛ“ НА АЗМАНОВ ПРОДОЛЖУВА ДА ПРОДАВА АКЦИИ ВО „РЕПЛЕК“ - еве колку сега поседува градежната компанија на познатиот бизнисмен

ОНИЕ ШТО РАБОТАТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО ОВИЕ ЧЕТИРИ ЗЕМЈИ ДОБИВААТ НАД ДВЕ ИЛЈАДИ ЕВРА: Најлошо е во Бугарија

ОНИЕ ШТО РАБОТАТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО ОВИЕ ЧЕТИРИ ЗЕМЈИ ДОБИВААТ НАД ДВЕ ИЛЈАДИ ЕВРА: Најлошо е во Бугарија

ШТО ЈА ГУШИ ОВАА НЕКОГАШ ВЕТЕНА ЗЕМЈА? Шведската економија падна во техничка рецесија!

ШТО ЈА ГУШИ ОВАА НЕКОГАШ ВЕТЕНА ЗЕМЈА? Шведската економија падна во техничка рецесија!

Грузија пред невозможен избор! Да стане западна енклава или да остане руска трансверзала?

Грузија пред невозможен избор! Да стане западна енклава или да остане руска трансверзала?