НЕМА БРАШНО, НЕМА ЛЕБ, СИЛОСИТЕ СЕ ЧИСТАТ И РЕНОВИРААТ - намалена загубата на „Жито Караорман“, но еве која е причината

Објавено во: Економија 30 Октомври, 2024 13:31
Зошто ги направи сите напори за да го купи Жито Караорман од Кичево, кога очигледно не го работи успешно, е прашањето што би можело да се постави за бизнисменот Селаудин Арифи, а кој е доминантен сопственик на оваа мелничко пекарска компанија.
Всушност, она што како резултат за првите девет месеци од годинава го дава компанијата, е намалена загуба, но таа не е намалена поради некој успех или зголемување на приходите, туку поради фактот што компанијата многу помалку работела во обем, во споредба со истиот период од минатата година.
Па така, во периодот од јануари заклучно со крајот на септември годинава „Жито Караорман“ искажале загуба, односно негативен финансиски резултат, на сума од 82 илјади евра, што е многу помала загуба од онаа остварена во истиот период лани, кога изнесувала дури 777 илјади евра, што значи дека сега загубата е многукратно намалена, но главната причина за тоа е прекинатото производство на брашно и леб, а поради чистењето на силосите.
Инаку, вкупните приходи на Жито Караорман во првите девет месеци од годинава биле на ниво од 363 илјади евра, што е намалување за дури 68 проценти во однос на истиот период лани. Притоа, најголем дел од овие приходи се приходи од продажба, и тоа на домашниот пазар, и кај нив има намалување за 64 проценти.
Вкупните расходи, пак, од периодот јануари септември биле на ниво од 445 илјади евра, што е намалување за дури 77 проценти во однос на истиот период од минатата година, но сепак тие се значајно поголеми од приходите, што прави компанијата да има загуба.
Најголема расходна ставка се трошоците за суровини и други материјали, каде намалувањето е за 44 отсто.
А, она што е симптоматично е дека се значајно намалени и трошоците за вработените, или тие изнесуваат 92 илјади евра, што е за 54 отсто помалку од истиот период во минатата година. Тоа значи дека овие трошоци се намалени за повеќе од половина, што значи дека или се намалени платите на вработените, или, пак, е намален бројот на вработени лица во таа компанија.
Еве какво објаснување дава компанијата.
„Во изминатиот период односно последното тромесечие, друштвото прекина со производство на брашно и леб заради чистење и реновирање на силосите со што се очекува зголемување и подобрување на производството и продажбата, а со тоа и подобрување на финансискиот резултат“, се вели во објавата на Жито Караорман.
Според последната состојба од ЦДХВ, Селаудин Арифи има 74,19 отсто од акциите, додека, пак Сашо Крстевски поседува 5,09 проценти од акционерскиот капиал.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Ќе се регулира вработувањето на пензионерите и студентите

КАКВА ПОРАКА НОСИ ИЗЈАВАТА НА ИРАН? Ако не продаваме нафта ние, нема да продава никој!

ДРАМАТИЧНА ПРОМЕНА: Британија ги менува даноците за големите технолошки гиганти - сака да ја избегне „трговската војна“ со Трамп?

ЌЕ СЕ СПАСАТ ЛИ ГРАЃАНИТЕ ОД НЕОЧЕКУВАНИ СМЕТКИ? Се подготвува месечно отчитување на броилата за електрична енергија

ОВА СЕ НАЈБРЗО РАСТЕЧКИТЕ ЕКОНОМИИ ВО 2025: Еве кои земји се на првите места

СПИСОКОТ Е ПРЕДОЛГ: Еве кои компании во Германија отпуштија работници – и тоа е само почеток

ТАКА ТОА СЕ ПРАВИ ВО БУГАРИЈА: Се отвараат државни маркети, производите ќе бидат со ограничени маржи

ЈА ОБВИНИ ВЕНЕЦУЕЛА ДЕКА МУ ИСПРАТИЛА ОПАСНИ КРИМИНАЛЦИ: Tрамп воведе царини и за оваа земја

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Грција го зголемува минималецот
