22 Ноември, 2024
0.0313

Конфискувани шест милиони евра од Сашо Мијалков влегоа во државниот буџет

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

На 17 ноември Агенција за управување со одземен имот на Министерството за финансии во буџетот му префрлила 374.638.383 денари, или 6,14 милиони евра.

Агенцијата за конфискација за прв пат во историјата откако е основана префрла во буџетот вака голема сума на пари. Досега, запленетиот имот главно се состоел во автомобили кои понатаму се распределувале на државните органи, или пак се одземале недвижнини со комплицирана понатамошната постапка за продажба по судски пат.

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, за „Фактор“ изјави дека овие пари се одземени од поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков и понатаму со нив ќе располага државата.

- Тоа е „сува“ пара од случаите со Сашо Мијалков и најдобриот резултат досега на агенцијата, не само јас откако сум директор, туку воопшто откако е основана. Можам да најавам само дека и во наредниот период ќе следуваат огласи на кои ќе биде објавуван одземен имот за продажба по претходна проценка на неговата вредност од Бирото за судски вештачења и дека очекувам нови приливи на финансиски средства, ни одговори Асани.

Претходно најдобар резултат, кога станува збор за готовина, оваа институција покажала во 2015 кога на два пати во буџетот биле префрлени по стотина милиони денари. Асани вели дека за подобри резултати потребни се повеќе професионалци и побара од Министерството за финансии да му ги одобри потребните вработувања. Единствено задоволен е од тоа што барем агенцијата добила нови поголеми простории за работа.

Претходно Мијалков ја призна вината во случајот „Империја“ за злосторничко здружување и противправно стекнување и прикривање имот. Тој со група други осомничени ги извршувал делата преку правни лица основани во државава на кои им била прикривана сопственоста, но и оф-шор компании во странство. Приходите стекнати со пренос на капиталот обвинетиот не ги пријавувал во анкетните листови, иако за цел период опфатен со истрагата извршувал јавна функција.

Обвинителството тогаш соопшти дека, покрај останатиот имот, на Мијалков ќе му се одзеде кеш од банкарската сметка на правното лице ДТУ Макпоинт ДООЕЛ Скопје и сите пари на сметка на фирмата Ексико.

Во 2018 на Порта Македонија беше поставен „бројчаникот“ кој требаше да покажува колку пари добива државата од продажба на конфискуван имот, но уредот никогаш не проработе.

Александар Кузмановски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто