Конкурентот на „Јужен тек“ ќе оживее: „Турски тек“ наскоро ќе потече?
Објавено во: Економија 30 Јуни, 2016 09:21
Русија ги обновува информациите за проектот "Турски поток", можна е и средба меѓу министрите за енергетика на Русија и Турција.
Ова го открил пред ТАСС извор, запознаен со разгледувањето на проектот.
"Сега ние ги анализираме информациите во каква состојба се наоѓаат во моментов едни или други проекти. Вклучувајќи го и "Турски поток", истакна изворот по пробивот од последните денови во нормализирањето на руско-турските односи. Познато е дека тие беа влошени поради соборувањето на руски воен авион над Сирија од турски борбен во ноември минатата година.
Според изворот средба меѓу министрите за енергетика Александар Новак и Берат Албайрак е целосно можна откако претседателите Владимир Путин и Реџеп Ердоган се договорија за средба во септември на форумот на Г-20 во Пекинг.
"Според мене апсолутно очигледно е дека средбата на нашиот министер со турскиот министер е сосема очигледна. "Турски поток" се јавува како конкурент на "Јужен поток". Откако минатата година Москва објави дека се откажува од "Јужен поток", неодамна претседателот Владимир Путин изјави дека неговата земја продолжува да се интересира за него.
Вчера пак беше соопштено дека на 1-2 јули надворешниот бугарски министер Даниел Митов ќе разговара во Сочи со рускиот колега Сергеј Лавров енергетските проблеми. Дали по нив ќе присуствува на проектот за "Јужен тек" или некој изменета опција за транзит на руски гас преку Бугарија, одговорен на барањата на ЕУ, останува да видиме.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




