16 Мај, 2024
0.1135

Констипација или запек: секојдневен проблем на модерниот човек, кој мора да се третира соодветно!

Објавено во: Мои пари 23 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Секој пациент со констипација има потреба од консултација со лекар доколку нема подобрување од обидот за примена на конзервативни  мерки, во смисла на правилна исхрана со доволен внес на целулозни влакна, односно зеленчук и овошје и внес на течности, односно редовни физички активности, а ова особено се однесува на пациентите со новопројавена констипација, што е многу позагрижувачка од хроничната констипација што трае со години. Ова особено се однесува на постарата популација на возраст над 50 години, што и онака е обременета со зголемен ризик за развој на колоректален карцином вели во интервју д-р Владимир Андреевски, Специјалист гастроентерохепатолог при ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија. Што е констипација (запек), зошто настанува, и кои се ризик фактори и ризични групи на пациенти? Констипацијата е честа појава кај постарата популација. Таа има големо влијание врз финансиските трошоци на Здравствените системи во сите земји и во голем дел влијае на квалитетот на живот. Терминот констипација варијабилно се толкува низ призма на проблемите на пациентите и тоа што под констипација подразбираат лекарите односно здравствените работници. При тоа дефиницијата на констипацијата зависи од нејзиниот тип. Доколку се работи за функционална констипација подразбираме појава на напрегање, тврда столица, некомплетно празнење и намалување на бројот на испразноци на помалку од три неделно, во последните три месеци, при почеток на тегобите од најмалку 6 месеци пред да се постави дијагнозата. Ризик факторите се бројни, вклучително и возраста, женскиот пол, одредени вродени заболувања како што е Hirsprung-овата болест или вродениот мегаколон, заболувањата на другите органски системи и одредени состојби како што се хипотиреоидизмот, шеќерната болест, хипокалиемијата, хиперкалциемијата и бројни други. Колку често се судирате со констипација кај пациентите во вашата пракса и каква е зачестеноста според возраст и пол? Преваленцијата на хроничната констипација не е прецизно утврдена, но се чини дека се јавува кај 25-40% од возрасната популација, не е ретка и кај детската популација, и доминира кај женскиот пол, а како ризик фактори се спомнуваат и физичката неактивност, нискиот степен на едукација и ниското ниво на социјално економски стандард, примената на одредени форми на хронична терапија за други заболувања, депресијата од психијатриските болести и бројни други.... Кога пациент кој страда од констипација треба да се обрати на лекар? Секој пациент со констипација има потреба од консултација со лекар доколку нема подобрување од обидот за примена на конзервативни  мерки, во смисла на правилна исхрана со доволен внес на целулозни влакна, односно зеленчук и овошје и внес на течности, односно редовни физички активности, а ова особено се однесува на пациентите со новопројавена констипација, што е многу позагрижувачка од хроничната констипација што трае со години. Ова особено се однесува на постарата популација на возраст над 50 години, што и онака е обременета со зголемен ризик за развој на колоректален карцином. Како правилно да се третира констипацијата? лаксТретманот зависи од причината и типот на констипација. Тоа значи дека не секој пациент со констипација треба веднаш да консултира гастроентеролог. Први се матичните лекари. Инаку одамна се надмина митот дека хроничната употреба на лаксативи од сите типови цревата ги прави помрзеливи и пациентот го прави зависен од примена на лаксативи. Токму напротив. Нивната примена придонесува за побрзо решавање на проблемот. Првиот чекор се состои во примена на хигиено-диететски совети за стилот на живеење и промени во начинот на исхрана. Кај оние кои не реагираат на ова, се советува примена на волуминозни лаксативи. Оние кои не реагираат на истиве се третираат со осмотски лаксативи, во кои спаѓа и лактулозата и нејзини комбинации со природни лаксативи (пр.крушина), кој делува така да ја зголемува цревната секреција и волуменот на испразноците. Ефикасни се и лаксативите кои ја стимулираат работата на цревата како бисакодилот и дериватите на сената што ја стимуилраат и забрзуваат работата на цревата, но тие честопати причинуваат грчеви и други стомачни тегови. Се разбира постојат и омекнувачи на столицата, чепчиња и клизми кои го омекнуваат изметот и на тој начин го оелснуваат празнењето. Кои се несаканите ефекти од (зло) употреба на лаксативи? Практично комотен сум да констатирам дека не постојат значајни несакани ефекти од примената на било кој тип на лаксативи, освен доколку се применат при постоење на одредени контраиндикации¸ како на пример цревна обструкција, илеус или народски кажано преплет на цревата. Во ваква ситуација, сите лаксативи, освен оние кои се применуваат во форма на очистителни клизми се контраиндицирани. Како да се одбере ефикасен но безбеден лаксатив кој не предизвикува грчеви и навикнување? Навикнување кон било кој тип лаксативи не постои, согласно сето предходно изнесено. Но во поглед на грчевите, сите кои делуваат преку зголемена активност на цревата причинуваат грчеви. Според тоа, ова се однесува главно на бисакодилот и сенозидите. Опстипација во бременоста, лаксативи ДА или НЕ? Ова е чувствителна тема за дискусија и одговор. И особено се однесува на примената на лаксативи локално, кои се аплицираат трансанално, особено по третото тримесечје на бременост, кога е абсолутно забранета примената на клизми и чепчиња, како и лаксативи кои делуваат на принцип на зголемена контракција на мазната цревна мускулатура, односно сенозидите и бисакодилот. Се чини безбедна е примената на волуминозни и осмотски активни лаксативи, кои не причинуваат дополнителна иритација. Ваш совет до пациентите: како да се превенира појавата на констипација? Прецизен начин за превенција не постои, зашто постојат и конгенитални (идиопатски) форми, примарни и стекнати причини. Но во услови на неоптоварена (или поинаку кажано наивна) популација, тоа е секако примената на доволно храна на база на целулозни влакна, доволен внес на течности, редовни физички активности и навремена примена на лаксативи, без да се остави простор констипацијата да прерасне од акутна во хронична.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!