20 Декември, 2025
0.1440

Континуираната финансиска помош – во основата на грчката трагедија

Објавено во: Балкан 13 Август, 2015 08:55

Добивај вести на Viber

Континуираната сага со грчката должничка криза е трагична поради многу причини, а не на последно место меѓу нив е фактот дека односите на земјата со нејзините кредитори потсетува на односите меѓу земјите во развој и индустријата за финансиска помош, пишува интернет изданието project-syndicate.org.

Наследувањето на спасувачките планови за Грција отелотворуваат многу од истите патологии кои со децении ги искоренуваа програмите за развој, вклучувајќи ги долгорочните политички последици кои и пазарите, и грчкиот народ не успеваат да ги разберат.

Како и во случајот со другите програми за помош, стотици милијарди долари се префрлени од побогатите економии кон сиромашните, но со негативни, дури и неволни, последици.

Програмата за реорганизација предвидува да ја заштити Грција од колапс, но доведе до раст на јавниот долг на земјата од 130% од бруто домашниот производ (БДП) во 2009 година до над 170% до денес. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека долгот на Грција може да надмине и 200% од БДП во следните две години. Оваа должничка спирала го загрозува растот на земјата и ги отежнува можностите пред вработување.

Слично на други приматели на помош, Грција падна во зависност од доверителите кои обезбедуваат помош во форма на фактичко намалување на долгот преку субвенционирани кредити и одложени трошоци за камати. Ниту еден разумен човек не очекува некогаш Атина да биде во можност да ги отплати долговите. Земјата падна во стапицата на бескрајниот циклус на плаќања и спасувања, што ја прави зависна од донатори, за да преживее, посочува весникот.

Доверителите на земјата, од своја страна, имаат поттик да го заштитат еврото и да го ограничат геополитичкиот ризик од евентуалното излегување на Грција од еврозоната. Како резултат на тоа, дури и кога Грција не е во согласност со барањата на нејзините кредитори - да речеме за зголемувањето на даноците или пак за пензиските реформи, таа ќе продолжи да добива помош, само со познати санкции. Иронично се добива така, дека колку лошо се справува земјата, толку повеќе моќ добива, пишува уште во анализата.

Долгорочните последици од овој циклус на зависност може да бидат сериозни. Додека финансиите на Грција се "опкружени" од меѓународните кредитори, политичарите во земјата ќе можат да абдицираат од одговорност за управувањето и реформата на образованието, здравството, националната безбедност и подобрувањето на инфраструктурата. Тие ќе имаат и малку стимулации за воведување на ефикасен систем за собирање на даноците.

Зависноста од помош го поткопува имплицитно договорот меѓу граѓаните и нивната влада, според кој политичарите треба да ги задоволуваат даночните обврзници, за да остане на функцијата. Со сливот на странски пари во земјата, политичарите ќе имаат тенденција да поминуваат повеќе време да им се додворуваат на донаторите отколку да се грижат за задоволството на нивните гласачи, уште повеќе, додека приходите однадвор ги надминуваат драстично даночните приходи.

Слабеењето на врската меѓу јавните услуги и даноците не само што им олеснува на политичарите да се задржат на власт, но исто така ги зголемува можностите за корупција и неефикасност. Од искуството на корисници на меѓународна помош од светот во развој може да се суди дека грчкиот народ многу потешко ќе може да ја држи владата одговорно или да санкционира политичари поради лошото однесување или корупција.

Досега кризата во Грција се третираше како повторлива вонредна состојба, а не структурен проблем, каков што всушност е. Поради зависноста на земјата од доверителите оваа нејзина состојба на постојана криза најверојатно ќе се задржи.

Ефикасните програми за помош речиси секогаш биле со привремен карактер преку кратки, остри, крајни интервенции.

"Отворените" обврски, какви што се потоците од помош за сиромашните земји во развој, имаат само ограничен успех во најдобар случај.

Додека Грците се потпираат на помош, гарантирано поттикот на политичарите да ја изнесат земјата на патот на самоволност ќе е слаб. Каков и да е патот напред за Грција, за да има некаква надеж за напредок, помошта обезбедена од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд треба да се гледа како привремена.

Смолкнување на папочната врвца на зависноста сепак нема да биде лесна и нема причина да се очекува дека со Грција процесот ќе се случи различно. Постепеното укинување на помошта ќе функционира само кога примателот е решен да ги воведе потребните мерки за да преживее без помош. Нема многу знаци кои покажуваат дека Грција е подготвена да продолжи сама и тоа едвај ќе се промени наскоро. Во таа смисла пазарите треба да ја разгледуваат грчката ситуација како рамнотежа, а не како транзиција.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација