28 Септември, 2024
0.0340

Контрасти во цените на Европската унија?

Објавено во: Анализа 28 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Каде е поевтино да се напазаруваш, да испиеш чаша кафе или пиво во Европската унија? Одговорот на ова прашање го дава заедничкиот проект на Еуростат и националните статистики на земјите од заедницата. Целта е да се соберат информации, кои ќе помогнат во развојот на европскиот единствен пазар. На проектот се следат 156 производи, продадени во 21 држава од ЕУ. За многу од случаите постојат многу лесно објаснување на разликите - различен данок на додадена вредност (ДДВ), акцизите итн. Споредени се цените на храна, пијалаци, облека, услуги за забава, итн. Националните статистики во принцип го пратат движењето на цените на повеќето производи од овие групи во своите проценки за движењето на индексот на цените. Според последните податоци кои се однесуваат на 2012 година, чаша кафе може да се најде по цена под 1 евро во седум држави од заедницата, една од нив секако е Бугарија. Најскапото кафе се продава во Швајцарија. За да уживате во чаша кафе во швајцарско кафуле, ќе треба да земете во просек 3,29 евра. Швајцарија не е членка на ЕУ, но членува во Европската економска заедница, заедно со Норвешка и Исланд, поради што Европската статистичка служба има податоци и за нив. За многу луѓе кафето не оди без цигара. Според податоците на Евростат најниска е цената на кутија цигари во Латвија - 2,32 евра. Во шест држави од ЕУ цената е под 3 евра за кутија. Не им е лесно на пушачите во Велика Британија и Ирска. Таму тие плаќаат по 9 евра за кутија цигари. Над 5 евра е цената на цигарите во Германија, Белгија, Холандија и Швајцарија. Цената на шеќерот исто така е анализирана од страна на Еуростат. Според податоците најевтино е да си купиш килограм шеќер во Полска - во просек 0,92 евра. Во Кипар пак цената е 1,46 евра за килограм. Податоците на статистиката покажуваат и дека во Словачка билетот за во кино чини во просек 3,27 евра. Највисоката цена е во Финска - 10,93 евра. За споредба во Македонија најниската цена за кутија цигари се движи од 35/40 денари, билет за во кино може да си купиш за 150 денари, а килограм шеќер чини од 41 до 45 денари. K.K.