19 Декември, 2025
0.0750

КОНТРОВЕРЗЕН ЗАКОН: Децата ќе мора да извршуваат куќни работи

Објавено во: Свет 01 Мај, 2014 13:42

Добивај вести на Viber

Шпанската Влада достави контроверзен предлог-закон, кој ако биде усвоен, може да ги обврзе децата до 18 години да извршуваат куќни работи, да чистат и помагаат во домот. Ваквата обврска важи за сите деца, без разлика на полот, стои во предлог-законот. Освен ова, се пропишува дека децата мора да учествуваат во „семејниот живот“, да ги почитуваат родителите, браќата и сестрите. Ќе мора да ги почитуваат и училишните правила и да учат колку што е потребно. Општо земено, ќе мора да одржуваат „позитивен став кон образованието“. Исто така ќе бидат обврзани да ги почитуваат своите наставници и другиот персонал во училиштата, како и своите колеги-ученици. Нацрт-законот не одредува казни за децата кои нема да ги исполнат ваквите услови, но означува промена во законодавството со нагласок на одговорноста на децата. Наведените мерки се дел од поширок закон за заштита на децата, што треба да биде усвоен. Меѓу другите одредби во законот, се предвидува и воспоставување на национален регистар на педофили на кои ќе им биде забрането да работат со деца. Училиштата и компаниите кои вработуваат персонал за работа со деца, ќе треба од потенцијалните кандидати да бараат и потврда за неосудуваност за вакви дела. Инаку, оженетите мажи во Шпанија исто така можат да се соочат со санкции ако одбијат да извршуваат куќни работи. Со промената воведена во 2005 година, во брачниот договор е воведена клаузула која бара мажите да помагаат во домашните работи, да се грижат за децата и за постарите членови на семејството.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците