16 Јануари, 2025
0.0280

Контроверзите на „Финзи ДООЕЛ“ Скопје и мистериозната смрт на Крпач

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Името на Коста Крпач за прв пат во пошироката јавност се прошири, како директор на фирмата која е газда на порталот „Нетпрес“. 

Тој е директор на компанијата „Финзи ДООЕЛ“, која стана сопственик на веб порталот „Нетпрес“. Не е познато на кој начин и по која цена „Финзи ДООЕЛ“ ја направи бизнис зделката. 

А, како сопственик на “Финзи“ се води компанија од офшор дестинацијата Кипар. Инаку, според историјатот на фирмата, прв управител во 2009 година било друго лице, кое е основач на фирмата НВСП. Како директор на НВСП, пак се појавува трето име. 

За што беше помилуван Крпач? 

Сите тројца се аболирани од Претседателот Иванов, заедно со останатите 56 лица. Нивните имиња се објавени во Службен весник под ист број на одлука. Но, за кој предмет и за кое дело се аболицирани, шефот на државата не даде одговор.

Според претпоставките тројцата биле предмет на истрага на Специјалното јавно обвинителство во врска со набавката и митото за израелската опрема за прислушување. Трите имиња се поврзуваат со бомбата под број 15 која ја објави СДСМ. Според истрагата која со потписот за аболиција ја спречи Иванов, пари за зделката со израелската опрема легнувале токму на фирмата „Финзи“.

Токму истрагата која ја водело СЈО за овој случај ги подгреа теориите на заговор дека можеби и не се работи за самоубиство. Според шпекулациите во јавноста, не се исклучува можноста Крпач да сведочел или да има намера да сведочи за црните пари и матните зделки, па со неговата смрт да се ликвидира опасноста од разоткривање на вмешаност на други лица. Според други, сосема спротивставени претпоставки, Крпач посегнал по сопствениот живот не можејќи да го издржи психолошкиот притисок од можноста тој да одговара за некое дело пред македонските судови. Тој, имено како што јавуваат некои медиуми неколкупати досега веќе бил повикуван во СЈО.

Ветување дека обдукцијата ќе даде одговори, но засега молк од надлежното обвинителство

Како починал Крпач ќе покаже обдукцијата и истрагата на Јавното обвинителство. Ова ветување во текот на истрагата на смртта дојдоа медиумите во април. Досега сомневањата се дека посегнал по сопствениот живот кои ги изнесе полицијата. Тие се зголемија поради информацијата дека загинал од куршум во градите. Но, остануваат неколку нејасни околности во несреќата. Крпач бил женет и има едно дете. 

Убиство или самоубиство 

Академскиот сликар Коста Крпач во април беше пронајден мртов во неговиот стан со прострелна рана во градниот кош. Досега како што кажавме нема официјално соопштение од истрагата дали се работи за самоубиство или убиство. На овој трагичен настан му претходеше инцидент, кој според шпекулациите бил предизвикан од сега починатиот. Наводно, Крпач пред да почине, вчера околу 13.30 часот пукал од својот стан во населбата Капиштец во автомобили кои биле паркирани пред зградата. Неколку куршуми завршија во паркирано комбе, а за среќа немаше жртви или повредени луѓе. Полицијата потоа ја обиколи зградата и два часа го обезбедуваше станот, но не влезе внатре, иако пукотници се слушале и одвнатре. Според непотврдени информации, полицијата ја повикала неговата сопруга која работи во УБК, да ја отвори вратата. Но, бидејќи била затворена одвнатре, морале насилно да ја отворат. Внатре го нашле телото на Крпач, но нема информации со какво оружје е пукано. Увид изврши јавен обвинител, а телото беше однесено на обдукција која до ден денес не покажа како и од чија рака почина Коста Крпач. 

Можеби ќе ве интересира

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?