05 Декември, 2025
0.0300

Контроверзниот струшки хотел Изгрев ќе стане луксузен ресорт со пет ѕвезди!

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2013 08:19

Добивај вести на Viber

Ревитализацијата на овој некогаш познат хотелски комплекс се врши со полна пареа. Инвеститор е туристичката агенција Фибула ер травел која пред близу пет месеци го зема под концесија хотелот од Македонската Православна Црква. Во манастирскиот комплекс Света Богородица, во струшка Калишта ќе никне луксузен хотелски ресорт со пет ѕвезди. Станува збор за ревитализација на хотелот Изгрев од страна на туристичката агенција Фибула ер травел. Директорот Асим Меџедовиќ за Фактор вели дека хотелот веќе се преобразува во монденско летувалиште. Градежните активности биле во полн ек, а се очекува отварањето на новиот луксузен ресорт да биде кон крајот на годината. Хотелот ќе биде со пет ѕвезди и ќе има  208 соби.
„Изгрев ќе стане вистинки луксузен ресорт какви што има во Турција. Ќе има аква парк, затворени и отворени конгресни сали, „а лакарт“ ресторани, анимации во текот на целиот ден, спортски игралишта...надворешниот дел нема да претрпи големи промени но ќе биде модернизиран со задржан стар стил“, објаснува Меџедовиќ.
Тој потенцира дека се уште немаат склучени аранжмани, но се надеваат на гости од цел свет, особено од земјите на Бенелукс но и од Турција, потенцирајќи ги оние туристи кои практикуваат балкански тури. Во Фибула се уште не дефинирале дали хотелот ќе си го задржи името Изгрев или пак ќе добие ново име. Дилемата ќе била решена за неколку месеци. Туристичката агенција пред пет месеци склучи договор со скопската епархија во чија сопственост е хотелот Изгрев за концесионерство во времетраење од 50 години. Не откриваат за колку пари е земен под наем хотелот, но очекуваат поврат на инвестицијата за 15-20 години. Контроверзиите за хотелот Изгрев Хотелот Изгрев во последните неколку години го следат низа скандали. Последниот беше откриен во 2008 година кога сопствениците на струшката фирма „Миладинови“, која заедно со МПЦ стопанисуваше со хотелот, беа обвинети дека направиле злоупотреби затоа што зеле кредити од странски банки за реновирање на хотелот, но ги користеле за други цели, без намера воопшто да ги вратат парите, а ставајќи го хотелот како залог. Браќата беа на суд, добија затворски казни, но подоцна беа ослободени од повисоките инстанци, а ниту едно лице од МПЦ не беше обвинето. Инаку, според пишувањата на медиумите, црквата се јавува како купец на Изгрев дури два пати. Еднаш во 2001 година за 700.000 евра, но, останала без него поради хипотекарен долг и  втор пат во 2008 година на лицитација за 1,5 милиони евра. Фибула гради хотел и во Охрид кој ќе биде брендиран со светско име Туристичката агенција Фибула ер травел ќе гради луксузен хотел со пет ѕвездички и во Охрид, инвестиција вредна повеќе од 50 милиони евра. За изградба на хотелскиот комплекс, агенцијата уште во 2011 година купи две државни парцели на локација кај Студенчица на Охридското Eзеро, со вкупна површина од 18.000 метри квадратни за 20.000 евра. Меџедовиќ, најавува изградба на висококвалитетен сместувачки комплекс со 1.500 легла од највисока категорија.
„Во Охрид се уште привршуваме со административни работи но, очекуваме наскоро да почнеме со изградба. Се уште не знаеме кој бренд ќе биде, не е исклучена можноста да биде и турски бренд но важно е да е светски“, вели Меџедовиќ..
Според условите во тендерот, хотелот во Охрид треба да биде предаден во употреба за шест години од добивањето на дозволата за градба. Фибула треба за три месеци од изградбата да го брендира хотелот, за што веќе се шпекулираше дека агенцијата била во преговори со повеќе светски познати хотелски синџири, меѓу кои Шератон и Кемпински. Изминатите години имаше неколку неуспешни обиди Охрид да добие брендиран луксузен хотелски комплекс, иако познавачите велат дека на најпознатиот домашен туристички центар му недостасува капацитет на квалитетни соби и легла за задоволување на потребите на елитните гости. С.Н

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите