17 Декември, 2025
0.0490

КОРИДОР 10: Не е меѓу најважните во ЕУ, но за Демир Капија-Смоквица нема пречка!

Објавено во: Балкан 20 Септември, 2014 08:23

Добивај вести на Viber

Доизградбата на Коридорот -10, односно делницата Демир-Капија –Смоквица – не е доведена во прашање, објаснуваат од министерството за транспорт и врски, по информациите дека Европската унија од својата единствена трансевропска сообраќајна мрежа го исфрлила Коридорот 10, кој е главна трансверзала што поминува низ Македонија. „Доизградбата на Коридорот X, односно делницата Демир Капија-Смоквица не е доведена во прашање, со оглед дека се работи за ИПА алокации од програмскиот период 2007-2013 во висина од 45 милиони евра и кои досега се во целост искористени. Реализацијата на градежните активности на делницата се одвиваат согласно предвидената динамика“, додаваат од министерството. Објаснуваат дека министерството за транспорт и врски е во процес на подготовка на Оперативната програма за секторот Транспорт 2014-2020 за искористување на фондовите од Европската унија. Тоа е продолжение на претходната Оперативна програма за регионален развој 2007-2013 со цел  да се задржи континуитетот на инвестициите. „Оттука, запазен е принципот на инвестиции на европските коридори во Република Македонија,  Коридор X, X- д и VIII а согласно ЕУ регулативата 1315/2013, како и согласно целите дефинирани во Националниот стратешки документ, потенцираат од ресорното министерство за транспорт и врски. При тоа, потенцират дека Коридорот 10 и натаму е на листата на Европската мапа, во делот кој се однесува на Западен балкан. http://ec.europa.eu/transport/infrastructure/tentec/tentec-portal/site/en/maps.html Информацијата дека Европа го избришала Коридорот 10 од приоритетна листа, стигна од Србија. Опозициската Демократска партија на Србија (ДСС) ја обвини тамошната влада дека веќе една година крие оти овој коридор не е меѓу приоритетите за ЕУ. Наместо овој, во деветте клучни коридори кон кои се насочува поддршката на Европската унија, само еден поминува низ регионот – Коридорот Ориент-Источен Медитеран, кој како рута, наместо патниот правец Србија-Македонија-Грција, поминува низ Романија-Бугарија-Грција. Кон овој коридор и останатите осум наведени во оваа приоритетна ЛИСТА ќе биде насочена европската финансиска поддршка за периодот 2014-2020 година, напишаа српските медиуми.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни