05 Декември, 2025
0.1088

„Коридор на Србија“ платиле два милиони евра на консултанти-добиле неточна стратегија

Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2013 10:22

Добивај вести на Viber

Српското Јавното претпријатие Коридори на Србија платиле два милиони евра на француската консултантска компанија Луис Берже фирма за изработка на стратегија за безбедност во сообраќајот, но нацртот што треба да се усвои на седница на Владата е предаден со терминолошки грешки, неточни податоци, непотполни информации и без стратегија за општините, објави Блиц. Според весникот, на тендер пред две години фирмата Луј Берже победила за изработка на најважен документ за државата за безбедност во сообраќајот.Французите победиле со цена од 994.000 евра, сума што им била исплатена. Во меѓувреме, таа компанија за услуги побарала дополнителни 900.000 долари и 206 илјади евра што исто така им биле исплатени. Во документот тие навеле низа грешки – БДП по глава на жител во Србија за 2010 година напишале сума од 8.853 евра иако вистинската цифра била 3.981 евро. Весникот тврди дека трошоците од сообраќајки не се точни и не е можно заради низа грешки да се воочат заштеди што би се добиле со унапредување на безбедноста во сообраќајот. На четвртата страница од документот оставени се три точки и простор каде предговор би напишал министерот за сообраќај. Експерти велат дека тоа е голем пропуст бидејќи министер не може да допише на веќе завршена стратегија туку тој мора активно да учествува во изработката со совети инструкции и консултации. Голем дел од табелите и дијаграмите се напишани на англиски јазик, а не на српски, наведува Блиц.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии