17 Јануари, 2025
0.0331

Корисници ја оштетиле „ЕВН Македонија“ за 1,4 милиони денари

Објавено во: Економија 10 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

„ЕВН Македонија“ во првата недела од  јули на 11 корисници им испорача пресметки за неовластено користење на електричната енергија и во судовите поднесе кривични  пријави против нив.

Штетата која ја направиле во системот изнесува 1, 4 милони денари. Директно приклучени во мрежата биле 8 корисници, еден од фатените корисници го манипулирал броилото, а двајца имале непријавено броило во системот што исто така е кривично дело казниво според законските прописи во земјава.

За првите шест месеци бројките покажуваат дека „ЕВН Македонија“ на 880 корисници им испорачала поединечни пресметки за неовластено користење на електричната енергија во висина од над 300 000 денари.

Корисниците заработиле и кривични пријави според кои ќе одговараат пред судовите за стореното кривично дело  за кое може да заработат и казна затвор во траење до 5 год.

Според анализите 144 корисници ги манипулирале броилата, 341 директно краделе електрична енергија, 133 самоволно се приклучиле откако предходно поради долг биле исклучени, а кај 262 корисника се најдени непријавени броила.

За првите 6 месеци годинава штетата е проценета на околу 124 милони денари, а крадците украле 17, 5 милони kWh електрична енергија.

Државата е оштетена за процентот на данокот на додадена вредност ( 18%) или околу 21 милион денари кој неможел да биде пресметан бидејќи потрошената електрична енергија не била фактурирана на корисниците.

Покрај оваа директна штета на дистрибутерот и државата, забележано е зголемување на материјална штета што овие корисници ја предизвикале на други корисници, најчесто нивните соседи.

Праксата покажува скоро секоја 5-та кражба предизвикува поголеми или помали пожари и други несреќи, што значи овие корисници во опасност ги доведуваат и своите, но и животите на другите кои живеат во близина на местата каде што се краде електричната енергија.

Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ: Јавниот долг веќе изнесува 70 проценти од БДП

БИТИЌИ: Јавниот долг веќе изнесува 70 проценти од БДП

ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ОД 500 ЕВРА: Колку Хрвати живеат со толку мал износ?

ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ОД 500 ЕВРА: Колку Хрвати живеат со толку мал износ?

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан