12 Мај, 2024
0.0310

Корона вирус, вакцини и деца: Вакцинација на деца помали од 11 години-зошто одлуката на американските лекари е важна за цел свет

Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Членовите на експертската комисија на американската влада гласаа за одобрување на вакцината Фајзер против корона вирусот за деца на возраст од пет до 11 години.

Експертите од Управата за храна и лекови (ФДА) на тој начин ја отворија вратата за конечна одлука за одобрување на оваа вакцина за итна употреба за неколку недели.

Во септември компанијата Фајзер објави дека резултатите од истражувањето покажуваат дека вакцината е безбедна за употреба кај оваа возрасна група.

Во Америка веќе се спроведува вакцинација на деца постари од 12 години.

Последната одлука на властите во САД ќе има големо влијание врз плановите на владата за вакцинирање на околу 28 милиони деца.

Советодавниот одбор на ФДА за вакцини и биолошки производи рече дека придобивките од вакцинацијата ги надминуваат потенцијалните ризици.

Се очекува ФДА брзо да го одобри ставот на Комитетот, што отвора можност директорот на Центрите за контрола на болести (ЦДЦ) да издаде официјална препорака вакцинацијата да започне уште во првата половина на ноември.

Резултатите од истражувањето доставени до ФДА од страна на претставниците на компанијата Фајзер укажуваат дека вакцината произвела силен имунолошки одговор на организмот.

Децата примаат една третина од дозата на вакцината наменета за возрасни.

Властите, исто така, мораа да го проценат ризикот од можно воспаление на срцевиот мускул, што се третира како редок несакан ефект на вакцините Фајзер и Moдернa.

Според официјалните податоци, досега во САД од коронавирус починале 160 деца на возраст меѓу пет и 11 години.

Вкупно 740.000 луѓе досега починале во Соединетите држави како последица на Ковид-19.

Компанијата Модерна во понеделникот објави дека ќе им достави на властите податоци за истражувањата кои покажуваат дека оваа вакцина создала и силен имунолошки одговор.

Вакцинацијата на децата на возраст од 12 до 15 години штотуку започна во ОК и се препорачува единечна доза.

Што се случува во Европа?

Единствената вакцина која моментално е одобрена за деца во Србија е Pfizer/BioNtek, а се дава на постари од 12 години, само со согласност на педијатар и родители.

Одобрението е издадено на почетокот на јуни од Агенцијата за лекови и медицински средства, за деца на возраст од 12 до 15 години.

Лекарите велат дека имунизацијата на децата е пожелна.

„Родителите да ги вакцинираат своите деца не поради страв од болест, туку за да се прекине синџирот на пренос на инфекции“, изјави Оливера Остојиќ, лекар во болницата за детски белодробни заболувања на Клиничкиот болнички центар „Д-р Драгиша Мишовиќ“ во Белград, во интервју за Би-Би-Си.

Препорака за вакцинирање на децата со хронични заболувања и дебелина даде и Здружението на педијатри на Србија, со напомена дека „може да се вакцинира и кој сака“.

Откако видот Делта на корона вирусот пристигна во Србија, Здружението на педијатри најавува дека ќе издаде нова препорака со која ќе бидат опфатени и децата до 12 години.

Според податоците од средината на септември, во Србија се вакцинирани околу 5.000 деца на возраст од 12 до 17 години.

Европската медицинска агенција (ЕМА) ја одобри употребата на вакцината фајзер во мај.

Оттогаш, вакцинацијата се одвива со различни стапки во различни европски земји.

Употребата на вакцината против коронавирус за деца беше одобрена на крајот на мај во Хрватска.

Во Република Српска, еден од двата ентитета во Босна и Херцеговина на 23 август започна вакцинацијата на децата постари од 12 години.

Во соопштението на Институтот за јавно здравје на Република Српска на Фејсбук ги повикаа сите родители кои сакаат да ги донесат своите деца постари од 12 години на вакцинација.

На веб-страницата на Институтот за јавно здравје во Црна Гора се наведува дека вакцинацијата се препорачува за сите деца на возраст од 12 до 17 години кои имаат коморбидитети и кои живеат во семејства со членови со слаб имунитет.

Вакцинацијата е можна само со Pfizer вакцината, а со согласност на педијатарот може да се вакцинираат и деца кои не припаѓаат на споменатите групи.

Венко Филипче, министерот за здравство во Македонија, во јули изјави дека вакцинацијата на децата во оваа земја не е задолжителна и дека вакцината „Фајзер“ ќе можат да ја примат и оние на возраст од 12 до 16 години.

Вакцинацијата на децата се препорачува и во Словенија, особено за оние кои боледуваат од хронични заболувања.

Во Данска (деца на возраст од 12 до 15 години) и Шпанија (деца на возраст од 12 до 19 години), поголемиот дел од детската популација беше вакцинирана со најмалку една доза.

Вакцинацијата во Франција се одвива брзо, околу 66 отсто од децата на возраст од 12 до 17 години досега примиле една доза од вакцината, а 52 отсто се целосно вакцинирани.

Од октомври во оваа земја ќе бидат потребни карти за ковид (сертификати) за оние до 18 години, што значи дека тинејџерите ќе треба да покажат доказ за вакцинација или негативен тест за корона вирусот, за да можат да влезат во кина, музеи, ресторани и трговски центри.

Научниот совет во Германија во јуни препорача вакцинација за децата на возраст од 12 до 15 години кои имаат здравствени проблеми.

Но, во август видот Делта почна брзо да се шири, па вакцинацијата беше препорачана за други, односно за тинејџери чие здравје не беше нарушено.

Во Шведска се препорачува и вакцинација за деца од 12 до 15 години, кои имаат белодробни заболувања, астма или нивното здравје е нарушено.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена