Короната се шири во српската Влада
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 27 Јуни, 2020
Корона вирусот се шири во српската Влада.
Министерот за одбрана Александар Вулин, претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ се позитивни на ковид-19.
Гојковиќ има влошена клиничка слика и поради констатирано воспаление на белите дробови е пренесена во ковид болницата КБЦ „Бежаниска коса“.
Вулин, според официјалните податоци е тестиран и е утврдено дека е заразен, откако државниот секретар во министерството е хоспитализиран со наод дека заболел од ковид-19.
Тој засега е со лесна клиничка слика, исто како и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.
Се претпоставува дека бројот на членови на Владата, особено од владејачката партија Српска напредна странка (СНС) ќе се зголемува, со оглед дека без никаква заштита, без маски и физичка дистанца, сите заедно, во неделата ги чекаа резултатите од изборите и ја прославуваа победата.
Од кабинетот на претседателот Александар Вучиќ, кој истата вечер беше во директен контакт со нив, нема информации дали и тој е тестиран.
Позитивни и генералниот секретар на министерството за надворешни работи, Вељко Обрадовиќ и претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.Можно е да се вратат рестриктивните мерки во Србија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.