Koронавирусот и натаму е мистерија и непредвидлив
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Февруари, 2021
Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека коронавирусот и натаму е непредвидлив, и дека се непознати уште многу работи за него.
„Постојат случаи на реинфекција, односно лице кое прележало коронавирус, повторно да се инфицира. И натаму се непознати многу работи со вирусот, и сега се испитуваат. Некои имаат антитела, некои немаат антитела по прележување на вирусот. Сега се испитува дали овој нов сој кој полесно се шири може да се врати кај оние кои во минатото прележале коронавирус“, рече Филипче.
Во Македонија е присутен британскиот сој на коронавирусот. Во повеќе градови како Охрид, Прилеп и Кавадарци периодов имаше раст на бројот на заболени.Во Европа веќе ја има и бразилската мутација која се смета за особено опасна.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), глобалната смртност од ковид-19 се намалила за 20% во периодот од 15 до 21 февруари, во споредба со претходниот просек од една недела.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.