28 Септември, 2024
0.0251

ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА: Има компании што ќе ја покренат економијата?

Објавено во: Анализа 27 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Бројни компании ширум светот - од Ford Motor до Panasonic, обезбедуваат "свежо гориво" за глобалната економија, бидејќи почнуваат да го поддржуваат вработувањето и инвестициите. Засилените корпоративни трошоци помагаат за справување со негативниот тренд од почетокот на годината. Тие исто така сигнализираат дека следната фаза од меѓународната експанзија ќе биде посилна од благото закрепнување по кризата од 2008 година. Густаво Реис, економист во седиште во Њујорк Bank of America (BofA),очекува глобалниот раст да достигне 3,1 отсто оваа година и 3,7% следната година во однос на 2, 9 отсто во 2013 година. Високата побарувачка, најевтините трошоци за финансирање и олеснувањето на несигурноста се главните причини за економистите од Citigroup Inc да прогнозираат раст на бизнис инвестициите во развиените економии во оваа година со 3,3% и 4,2% во 2015 година по постигнатиот во 2013 г . пораст од 1,2 отсто. Ford најверојатно ќе вработи повеќе од 12 000 вработени, а исто така "има голема веројатност да ја надмине" и целта за финансиските резултати, изјави во април Џо Хинрих, претседател на Ford за Северна и Јужна Америка. Во меѓувреме германскиот конкурент Volkswagen AG планира да инвестира речиси 38 милијарди евра во имот, машини и опрема во татковината во следните пет години. Јапонските технолошки компании Panasonic и Toshiba пак планираат да потрошат вкупно 625 милијарди јени (6,1 милијарди долари) во тековната фискална година. Освен што инвестира во нови машини и иновации, бизниси исто така вработува службеници, придонесувајќи за намалувањето на невработеноста. Според експертите од JPMorgan Chase & СП глобалната невработеност се намалила на 7,1% во април - најниско ниво од декември 2008 година. Нивото во САД од 6,3% пак е на рекордно дно од септември 2008 година - месецот кога Lehman Brothers Holdings Inc банкротира. Во Јапонија пак стапката на невработеност е 3,6%, додека најголемата економија во Европа - Германија, може да се пофали со 6,7%. Бумот во вработувањето на нов персонал достигна дури до задолжените Шпанија и Грција, кои помогнаа за падот на стапката на невработеност во еврозоната под границата од 12 проценти. Во Велика Британија, пак, растот на работните места заживеа толку што инвеститорите веќе се обложуваат кога централната банка ќе ги зголеми каматите. Поголемиот оптимизам за изгледите се гледа и од инвеститорите. Истражување на BofA покажа дека 66 отсто од пазарните учесници очекуваат зајакнување на економијата. Рекордните 63 отсто пак повикаа бизнисот да ги зголеми капиталните трошоци во одговор на засилената активност. И покрај сериозните загриженост за ниското глобално ниво на инфлацијата, економистите од JPMorgan се оптимисти. Нивото се забрза до 2,65% во мај - најсилен раст од април 2012 година, по засилувањето на економската активност. К.К.