05 Јануари, 2025
0.0599

„КОРУМПИРАНА ЕЛИТА - КОГА ЌЕ ДОЈДЕ МОМЕНТОТ ЗА ОДГОВОРНОСТ БИРА ГРАНИЦА, НЕ ПРАВДА“: Левица со критики и кон институциите

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Со бегството на Артан Груби на Косово, македонската јавност сведочи на уште една срамна епизода од долгогодишната пракса на владејачките структури – криминалците „избегани“ под мистериозни околности, со амин од самите институции. 

Истото сценарио го видовме со Груевски, истото се повторува и денес – на власт доаѓаат нови елити, но методологијата останува иста: корупција, политички дојави и селективна правда.

Ова го посочуваат од опозициската политичка партија „Левица“, од каде истакнуваат дека случајот на Груби не е изолиран инцидент, туку последица на системски хаос и врхушка која го користи државниот апарат како личен сервис. 

- Како и со Груевски, дојавите доаѓаат директно од институциите кои треба да спречуваат криминал, а не да го олеснуваат.

И наместо веднаш да се распише меѓународна потерница, Тошкоски преку медиумите го моли Груби да се врати во државата.

Случајот со Васко Ковачевски од пред само неколку дена и овој со Груби покажуваат дека наместо правда, институциите стануваат соучесници во организираниот криминал - нагласуваат од партијата. 

Потоа додаваат дека за нив како партија, ова не е инцидент – ова е системско бегство на луѓе кои се дел од истата владејачка криминална мрежа. 

- Ако МВР не може да го пронајде Груби и да го врати назад, тогаш тоа значи дека во оваа држава се штитат само привилегираните. Македонскиот народ не заборава дека и Груевски избега со дипломатска логистика – а сега и Груби ја злоупотреби истата мрежа на моќ и неказнивост.

Тошковски веднаш да објасни како Груби замина од државата и кои ќе бидат следните чекори во процесуирањето на овој криминалец. Народот не заслужува да биде заложник на оваа корумпирана елита која, како по навика, кога ќе дојде моментот за одговорност, ја бира границата – а не правдата! - заклучуваат од „Левица“ во нивното соопштение испратено до медиумите. 

Можеби ќе ве интересира

КУМАНОВО: Малолетник заврши во болница поради повреди од петарди

КУМАНОВО: Малолетник заврши во болница поради повреди од петарди

СКОПЈЕ СЕ ГУШИ: Левица предлага конкретни решенија за почист воздух

СКОПЈЕ СЕ ГУШИ: Левица предлага конкретни решенија за почист воздух

ПОРАЗИТЕЛНО: Нивото на ПМ 2.5 отровни честички било 37,7 пати повисоко од дозволеното во Скопје

ПОРАЗИТЕЛНО: Нивото на ПМ 2.5 отровни честички било 37,7 пати повисоко од дозволеното во Скопје

СЕ ЗАКАНИЛ ДА НЕ КАЖУВА НИКОМУ: Гостиварец е осомничен за силување девојче

СЕ ЗАКАНИЛ ДА НЕ КАЖУВА НИКОМУ: Гостиварец е осомничен за силување девојче

ЛЕВИЦА: Загадување со смртоносни размери - Меџити веднаш да се разреши

ЛЕВИЦА: Загадување со смртоносни размери - Меџити веднаш да се разреши

ПРОГНОЗА: Какво време ќе имаме за Бадник и Божиќ?

ПРОГНОЗА: Какво време ќе имаме за Бадник и Божиќ?

СКОПЈЕ, КУМАНОВО, КИЧЕВО: Каде во Македонија утрово воздухот е најзагаден?

СКОПЈЕ, КУМАНОВО, КИЧЕВО: Каде во Македонија утрово воздухот е најзагаден?

ЗА БАДНИК СЕ КРШИ ЛЕПЧЕ: Што треба да направите ако ви се падне паричката?

ЗА БАДНИК СЕ КРШИ ЛЕПЧЕ: Што треба да направите ако ви се падне паричката?

„ЈАКНАТА МИ МИРИСАШЕ НА ОТРОВОТ, А МИРИСАШЕ И КРЗНОТО НА КУЧИЊАТА“ - актерот Тони Михајловски реагира зошто се однесуваме како да не ни пречи загадениот воздух

„ЈАКНАТА МИ МИРИСАШЕ НА ОТРОВОТ, А МИРИСАШЕ И КРЗНОТО НА КУЧИЊАТА“ - актерот Тони Михајловски реагира зошто се однесуваме како да не ни пречи загадениот воздух